Ништо од најголемиот кикбокс спектакл на годината

Откажана е борбата меѓу Рикo Верховен и Алистер Оверим, кикбокс спектакл на годината кој требаше да се одржи на 23 октомври.

Главната борба на Glory Collision 3 требаше да биде средба за шампионска титула во тешка категорија. Верховен требаше да ја брани титулата против повратникот во кикбокс, Алистер Оверим.

Сепак, до мечот нема да дојде поради повреда на Оверим, па борбата е откажана.

Легендарниот кикбоксер и ММА ѕвезда се извини поради тоа.

„Никогаш претходно не сум откажал борба и верувајте дека ова беше тешка одлука. Со повредата се борам повеќе од еден месец. Пред неколку недели не можев да одам, но по неколку третмани се чувствував подобро и се вратив на тренинг. Повредата се влоши и не можев да ги изработам целиот тренинг. Да сум подготвен 90, па дури и 80 проценти би влегол во рингот. Но, сега сум спремен 40 проценти и со тешко срце ја откажувам борбата“, порача Оверим.

Засега не е познато дали Верховен ќе добие нов противник за 23 октомври.

Тагови
реклама

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе