Ниту парите не помогнаа: Сите неуспеси на ПСЖ во Лигата на шампионите

Парижаните од доаѓањето на катарските сопственици во клубот одиграа вкупно десет двомеча во Лигата на шампионите и победија во четири. Прочитајте од кого загубија и како завршуваа нивните напади на најважниот трофеј.

Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи вложи стотици и стотици милиони евра во тимот и минатото лето, во рекорден трансфер од 222 милиони евра го донесе и Нејмар од Барселона како главна ѕвезда во тимот, меѓутоа големите инвестиции ниту оваа година нема да му го донесат пехарот од Лигата на шампионите, кој толку силно го посакува и поради кој издвојува астрономски суми.

Сонот за титулата од Лигата на шампионите конечно да стигне во Париз нема да се оствари ниту оваа 2018 година, како што не се остваруваше ниту претходните, кога „принцовите“ подеднакво амбициозно тргнуваа во тој поход.

Кога гледаме наназад, списокот на неуспеси на Парижаните во нокаут фазата од најсилното натрпевање е се подолг, но открива и интересен податок, а тоа е дека секогаш губеле од голем тим.

Односно, дека речиси секогаш го добивале и најтешкиот пат кон завршницата и евентуалното финале, до кое исто така уште немаат стигнато.

Сезона по сезона, осминафинале и четвртфинале беа нивните последни дестинации, а од десетте двомеча победија во четири (осминафинале) – два пати против Челзи (2015, 2016), и по еднаш против Баерн Леверкузен (2014) и Валенсија (2013).

Во преостанатите шест во главно губеа после големи борби, а без дилеми најмногу ќе се памети приликата која ја пропуштија минатата сезона, кога изгубија на „Камп Ноу“ од Барселона, иако имаа предност од 4 погодоци на домашен терен од првиот натпревар.

Оваа зима, пред „принцовите“ застанаа „кралевите“ и тоа со двојна победа, прво на „Сантијаго Бернабеу“, па синоќа и на „Паркот на принцовите“, каде се очекуваше пожесток отпор на францускиот тим, без разлика на тоа што Нејмар не беше во комбинација за настап.

Пред ПСЖ следува крај на сезоната во француското првенство, извесно е освојување на титулата, па следат нови консултации во соблекувалната и средување на буџетот за создавање на нов тим, за следен напад на Лигата на шампионите.

Ова се сите неуспеси на ПСЖ во најсилното европско натрпеварување оваа деценија:

2017/2018, осминафинале, Реал Мадрид – ПСЖ 3:1, 2:1

2016/2017, осминафинале, ПСЖ – Барселона 4:0, 1:6

2015/2016, четвртфинале, ПСЖ – Манчестер Сити 2:2, 0:1

2014/2015, четвртфинале, ПСЖ – Барселона 1:3, 0:2

2013/2014, четвртфинале, ПСЖ – Челзи, 3:1, 0:2

2012/2013, четвртфинале, ПСЖ-Барселона, 2:2, 1:1

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе