Ноќ на вештерките - празник земен од Келтите или од Римјаните?

Во античко време постоел празник посветен на сеќавањето на мртвите кој сугерира дека Ноќта на вештерките нема само келтски корени, туку и римски.

Етнолозите истакнуваат дека потеклото на популарниот католички празник Ноќ на вештерките, односно Halloween, може да се најде во келтскиот фестивал нa жетвата, но и дека никако не може да се тврди дека само тој го претставува неговиот корен. Празникот кој последните години сѐ повеќе ги освојува симпатиите и на припадниците на другите религии, презел куп елементи од различни европски култури, од кои некои можат да се поврзат и со Mundus patet.

Празници во чест на мртвите

Изразот mundus patet значи „отворен свет“ и се однесува на mundus Cereris, односно една од најстарите градби во Рим која според легендата се наоѓала на местото каде што никнал градот. Имено, Ромул наводно ја подигнал за ја смири душата на својот брат Рем и ја посветил на божица Церера. Со векови се верувало дека оваа градба е врската помеѓу светот на живите и на мртвите, па нејзиниот влез најчесто бил запечатен со голема плоча која била отстранувана само трипати годишно - на 24 август, на 5 октомври и на 8 ноември, кога на душите на предците им било дозволено да се вратат на земјата.

Датумите не биле случајно одбрани, бидејќи се поклопувале со деновите посветени на боговите од подземјето. Меѓутоа, во тие прилики живите морале да бидат внимателни. Катон Стариот во своите списи наведува дека за време на отворањето на влезот во mundus Cereris сите официјални работи биле прекинувани, а вратите на сите останати храмови морале да бидат затворени. Се верувало дека душите на мртвите се особено љубоморни на жените, па биле забранети сексуалните односи за време на овие периоди, како и сите непотребни активности со цел духовите да не ги однесат во смрт.

Според тоа што токму како и кај Ноќта на вештерките целиот концепт е посветен на сеќавањето на мртвите, уште еден обичај кој Римјаните го практикувале има неверојатна сличност со модерниот празник. Изворите наведуваат дека вештерките во антиката поседувале знаење за смртта и некромантијата, поради што биле многу почитувани и ценети. Поради тоа на секакви начини луѓето се обидувале да им се умилкуваат, а се верувало дека најдобар начин за тоа е да им понудат слатки.

Иако историографијата тежнее да ги претстави Римјаните и Келтите само како непријатели, малку познат факт е дека двете култури имале огромно влијание една на друга. Многу од најстарите римски традиции биле поврзани со жетвата и годишните времиња, токму како и кај Келтите. Затоа тие го споделувале верувањето дека треба да бидат благодарни за благодатите кои им ги дала земјата, но и дека треба да ги делат со своите предци и тоа на тој начин што од време на време ќе им дозволат да се вратат во светот на живите.

Премногу сличности, зарем не?

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе