Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и намалување на температурата

Скопје, 17 јули 2020 (МИА) – Под влијание на продор на атмосферски фронт во текот на ноќта и утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 литри на квадратен метар, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурата особено на северот значително ќе се намали, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура утре ќе се движи од 10 до 20 степени, а дневната од 18 до 29 степени. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 23 степени.

Локална нестабилност ќе има и во недела кога минималната температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а максималната од 24 до 32 степени.

Од понеделник до среда следува стабилно време со значителен пораст на дневната температура. В понеделник дневните температури ќе се движат од 27 до 33 степени, во вторник од 28 до 34 степени, а во среда од 30 до 37 степени. 

реклама

Македонија

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Read more

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more
 

Вести

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе