Американскиот претседател Џо Бајден стана познат по своите гафови кои го ставаат во непријатни ситуации. Во последниот, тој ѝ се обраќа на почината членка на Конгресот, извикувајќи го нејзиното име.

За време на конференцијата за борба против гладта што се одржа синоќа, Бајден ја повика на членката на Конгресот од Индијана, Џеки Валорски, која загина во сообраќајна несреќа во август.
Сакајќи да им се заблагодари на организаторите на конференцијата, Бајден почна да прашува: „Џеки, дали си таму? Каде е Џеки?“, очигледно заборавајќи дека таа починала.
„Мислев дека и таа ќе биде таму“, вели збунетиот Бајден, а неговиот гаф веднаш се прошири на социјалните мрежи.
Инаку, Валорски беше еден од организаторите на споменатата конференција. Таа на 3 август загина во тешка сообраќајна несреќа заедно со уште две лица.
Американскиот претседател тогаш објави соопштение во кое изјави дека тој и неговата сопруга Џил биле „шокирани и тажни“ од нејзината ненадејна смрт.
Иако некои се смееја на настапот на Бајден, имаше и такви кои го критикуваа, особено затоа што често му се случува вакво нешто.
„Навистина ужасна и срамна грешка“, напиша пратеничката Вики Харцлер.
Портпаролката на Бајден, Карин Жан-Пјер, објасни дека Бајден непосредно пред неговиот говор ја спомнал Валорски и нејзината неверојатна работа и дека таа мора да била првата работа што му паднала на ум кога сакал да им се заблагодари на сите што придонеле за организацијата на конференцијата.
Инаку, американскиот претседател со 79 години е најстариот човек на таа позиција во историјата на Америка, а тоа не ги спречува многумина да ја посочат неговата возраст и да ѝ ги припишуваат неговите непријатности.