Нов предизвик за Питер Паркер во трејлерот за „Spider-Man: Far From Home“
Спојлер: Питер Паркер ја преживеа битката од „Avengers: Endgame“. Но, тоа не значи дека неговите проблеми завршија. Младиот Спајдермен се соочува со уште една голема опасност, овојпат многу далеку од неговиот дом.
Питер Паркер и неговата школска дружина одат на патување низ Европа. И баш кога нашиот омилен средношколски суперхерој ќе помисли дека ќе се одмори барем на неколку недели, работите тргнуваат на лошо.
Премиерата на „Spider-Man: Far From Home“ е закажана за 2 јули оваа година.