Нов вирус ви го „краде“ лицето, на мета се и Android и iOS

Дизајниран да ги собира информациите за вашето лице, злонамерниот софтвер Gold Pickaxe обично се маскира како легитимна апликација за да ги измами луѓето да ја преземат и се смета за тројанец за оперативните системи Android и iOS.

Се појави нов тип на малициозен софтвер за паметни телефони - Gold Pickaxe, дизајниран да собира податоци за вашето лице, за потоа да може да се злоупотреби за разни измами.

Станува збор за злонамерна мобилна апликација која првпат ја забележала безбедносната компанија Group-IB. Gold Pickaxe обично се маскира како легитимна апликација за да ги измами луѓето да ја преземат и се смета за тројанец за оперативните системи Android и iOS.

За да го шират Gold Pickaxe, криминалците испраќаат пораки имитираат владини функционери. Обично во пораката се обидуваат да ги натераат корисниците да преземаат лажни апликации.

Како функционира Gold Pickaxe?

Откако ќе ја преземете заразената апликација, таа веднаш почнува да собира податоци. Ова вклучува, меѓу другото, гледање пораки, скенирање на историјата на интернет пребарувања, како и пристап до датотеки.

Жртвите се охрабруваат да инсталираат профили за управување со мобилни уреди (Mobile Device Management – MDM). Ова им дава на криминалците речиси целосна контрола врз преземениот уред, бидејќи MDM обезбедува пристап до функции како далечинско бришење, следење на уредот, управување со апликации и многу повеќе.

Gold Pickaxe се разликува од сличниот малициозен софтвер по тоа што се обидува да добие слика од лицето на жртвата, што може да го постигне на еден од двата начини.

Првиот е директно барање до корисникот за скенирање на лицето. Бидејќи обично изгледа како апликации со официјално одобрение од владата, ова барање не звучи необично, но кога корисникот ќе го регистрира своето лице преку апликацијата, тој ги зема податоците и ги испраќа назад до измамникот.

Друг начин е индиректна кражба: некои изданија на софтверот Gold Pickaxe повремено ќе фотографираат преку предната камера со надеж дека ќе ви го „фатат“ лицето. Ако таа не може да го направи тоа, може да испрати фотографии на вашиот телефон за да пронајде една со вашето лице на неа.

Засега, корисниците на iPhone се малку помалку изложени на ризик, бидејќи Gold Pickaxe не може да добие биометриски податоци на лицето од услуги како што е Face ID.

Што можат измамниците да направат со вашето лице?

Gold Pickaxe собира информации за лицето за да помогне во хакирањето на банкарските информации или да создаде длабоко лажни слики и видеа за измама што може да се изврши со нивно користење.

Како да се заштитите од напади со скенирање на лицето?

За почеток, бидете внимателни и не преземајте апликации од сомнителни извори и не паѓајте на социјален инженеринг.

Кога инсталирате апликација, проверете дали сте ги прочитале сите дозволи - ако бара нешто што реално не ѝ треба, тогаш тоа не е вистинска апликација.

Можете исто така да инсталирате антивирусна апликација за да спречите малициозни програми да влезат во вашиот систем. Поставете дополнителни безбедносни мерки, како автентикација со два фактори или некоја друга слична заштита.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе