Нов Зеланд по 102 дена има 4 новозаразени, веднаш воведен карантин

Б.С.Б.
/ 11.08.2020 / 16:25

Жителите на Окленд, Нов Зеланд се повторно во строг карантин откако по 102 дена се забележани четири нови случаи на заразени со коронавирусот.

Новите четири случаи се членови на едно семејство, но премиерката Џасинда Ардерн сепак одлучи да воведе строг карантин. Цел свет завидува на начинот на кој Нов Зеланд се носат со пандемијата на коронавирус, а брзата реакција на премиерката и покрај периодот од 102 дена без ниту еден случај е доказ на сериозноста на оваа нација во борбата против смртоносната зараза.

Карантинот во Окленд почнува во среда попладне, а остатокот од земјата ќе биде на второ ниво на карантин.

Следењето на контакти веќе е почнато на неколку работни места ширум Нов Зеланд, а блиските контакти на заразени луѓе се контактирани и наредено им е да одат во самоизолација.

Ардерн е загрижена поради потеклото на вирусот, бидејќи семејството нема контакти со патници надвор од земјата, ниту со хотелскиот карантин. Меѓу новозаразените се маж, жена и малолетник.

Ардерн го врати Окленд на трето ниво на карантин за да го спречи ширењето на вирусот. Сите се должни да останат дома освен ако не станува збор за посебни работници. Сите барови, ресторани и јавни сервиси мора да бидат затворени до среда попладне. Забрането е собирање на повеќе од десет луѓе. Задолжително е носењето на заштитни маски.

Ако следењето контакти и тестирањето не резултираат со пронаоѓање на изворот на зараза, карантинот би можел да биде продолжен.

Тагови
реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе