Нова провокација од Бугарија: Го спореди Тито со Хитлер

Објаснувајќи ги причините за блокадата на преговорите на Македонија со ЕУ, бугарската министерка за надворешни работи го обвини Скопје за славење на „мрачниот диктатор Тито“.

Во интервју за германскиот весник Die Welt, Екатерина Захариева ја обвини Северна Македонија за негирање на бугарскиот идентитет и дискриминација на бугарските државјани, наведувајќи дека во претходните години, дури 88.450 Македонци, добиле бугарски пасоши врз основа на бугарско потекло.

Бугарската министерка тврди дека заканите кон бугарските граѓани доаѓаат од социјалните мрежи, но и од редовите на свештениците на канонски непризнаената Македонска православна црква.

„За жал, идејата за градење нација заснована на омраза кон Бугарија сè уште е државна политика“, рече Захариева.

Die Welt го наслови текстот „Исто како Берлин да го слави денот на смртта на Хитлер“.

„Во училишните учебници, 75 години по војната, Бугарите сè уште се опишуваат како фашисти. Дали би прифатиле дека Германците сè уште се нарекуваат фашисти во некои учебници?“, рече Захариева.

Захариева исто така ја отфрли врската помеѓу кризата предизвикана од одбивањето на Бугарија да го одобри почетокот на преговорите меѓу Северна Македонија и ЕУ со внатрешните проблеми што ги тресат властите во Софија.

„Апсолутно не е точно... Нема никаква врска со протестите. Поддршката за Владата по ова прашање е 83,5 проценти“, рече бугарската министерка.

„Одбележуваа 40 години од смртта на еден од најмрачните диктатори - Тито, кој уби 1,7 милиони луѓе за помалку од десет години... Тоа е како градоначалникот на Берлин да излезе со идеја да ја прослави годишнината од смртта на Хитлер“, рече Захариева.

Што сака Софија?

Во 2017 година Бугарија и Македонија потпишаа Договор за пријателство, добрососедски односи и соработка, што Скопје го смета за единствен предуслов за започнување преговори со ЕУ.

Властите во Софија, пак, сметаат дека пред почетокот на преговорите, потребно е да се решат прашањата поврзани со македонскиот национален идентитет, односно прашањето за јазикот и идентитетот на националните херои, вклучително и Гоце Делчев.

Во суштина, Софија се обидува да ги запре барањата Македонците во Бугарија да бидат признаени како национално малцинство, што, според Захариева, ќе се реши кога Скопје ќе признае дека македонскиот јазик и идентитет имаат бугарски корени.

Бугарија е единствената земја што го блокира потпишувањето на договорот за управување со границите меѓу северна Македонија и Европската агенција за гранична и крајбрежна стража.

Софија инсистира на тоа македонскиот јазик да се нарече официјален јазик на Република Северна Македонија, или во одредени случаи фуснота со образложение: „Според Уставот на Република Северна Македонија“.

Бугарија, исто така, наведува дека „македонскиот јазик настанал во 1944 година“ и дека може да се смета само како „пишана регионална форма на бугарски јазик“.

реклама

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе