Нова студија открива: Човекот пред 300.000 години почнал да облекува крзно

Пред 300 илјади години, на просторот на денешна Германија, луѓето ловеле мечки поради месото и коските, но и поради крзното кое им помагало да се загреат во ладните денови.

Научниците денес можат само да претпоставуваат што праисториските луѓе носеле како облека. Без пишани траги и релевантни физички докази за праисториската мода, единствено на што можат да се ослонат се непосредните артефакти. Затоа при ископувањата обрнуваат внимание и на најситните детали за да пронајдат некоја конкретна трага.

Студијата спроведена од истражувачите од Универзитетот во Тибинген и Секенберг центарот за човечка еволуција и палеолитот се бавела со испитување на коски од пештеска мечка од археолошкото наоѓалиште Шенинген во Германија, кога на нив биле откриени посекотини. Она што претставувало најголемо изненадување кога станува збор за овој наод е што траги од касапење биле откриени на коските од стапалата, место каде што не се наоѓа многу месо.

Оттаму и дошле до заклучок дека од нив било вадено крзното кое потоа било употребувано за изработка на облека. Заедно со откритијата во Боксгроув во Обединетото Кралство и Билцингслебен во Германија, ова претставува единствен пример од периодот на раниот палеолит кои упатуваат на експлоатација на крзната.

„Ова откритие ни дава нова перспектива“, вели професорот Николас Конрад, шеф на истражувачкиот пропект во Шенинген и додава дека сега сѐ е јасно околу тоа дека животните пред 300.000 години не биле користени само за храна, туку на луѓето за да преживеат им било неопходно и нивното крзно.

Ископувањата на локалитетот во Шенинген доведоа и до откривање на оружја, како копја и стапови за фрлање, заедно со скелети на цицачи кои во тоа време можеле да се најдат во оваа област. Сите овие наоди даваат јасна индиција дека експлоатацијата на големите тревопасни животни поради месото, коскената срж и коските навистина постоела, но и дека некои од нив најверојатно биле ловени и поради крзното.

Студијата е објавена во магазинот Journal of Human Evolution.

реклама

Вести

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Read more

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Read more

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Read more

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Read more

Гик

Земји каде што е најлесно да се живее како дигитален номад

Читај повеќе
  • play_arrow

Google ја создаде најбизарната тастатура: Не барате букви со прстите, сами доаѓаат до вас

Читај повеќе

Дали ова е крајот на Android каков што го знаеме? 

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џеф Безос ќе произведува струја на Месечината?

Читај повеќе

Mozilla го редизајнира Firefox и сака да го направи попривлечен за корисниците на Chrome

Читај повеќе

Научници открија 11.742 вируси во длабочините на Тихиот Океан

Читај повеќе

Колку соларни панели се потребни за да напојуваат еден дата-центар?

Читај повеќе

Како Tinder се обидува да ги убеди корисниците да „дејтаат“?

Читај повеќе

Научниците открија што го зголемува ризикот од рак на белите дробови, особено кај непушачите

Читај повеќе