Нови финансиски проблеми за Барселона

Челниците на шпанската Ла Лига ѝ порачаа на Барселона дека ќе мора да го намали буџетот за плати за следната сезона за да не западне во неволја поради кршење на финансискиот фер-плеј.

Шпанските медиуми пишуваат дека ситуацијата е таква што во следната сезона Барселона ќе мора да го намали буџетот за цели 200 милиони евра, а тоа секако значи дека ќе мора да продаде неколку важни играчи и со тоа дополнително да обезбеди многу -потребен приход.

Како што беше случајот во летниот преоден рок, фокусот веројатно ќе биде ставен на играчот од средниот ред Де Јонг и напаѓачот Фати, а се надеваат дека ќе заработат приближно 150 милиони евра од првенствено англиски клубови.

Се додава и дека Барселона би можела да си го олесни буџетот со заминувањето на Бускетс, Алба, Дембеле, Роберто и Кесие, но се поставува логично прашање кои играчи би дошле да ги заменат и колку клубот би останал стабилен и силен.

Барселона моментално е лидер во шпанската Ла Лига и е на пат кон шампионската титула, но секако големо разочарување е фактот што доживеа елиминација од Лигата на шампионите и дека европското патување ќе го продолжи во Лига Европа, каде ги очекува двомеч со Манчестер Јунајтед.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе