Кина регистрираше 32 нови случаи на коронавирус во текот на изминатото деноноќие, од кои 25 се во Пекинг, соопштија тамошните власти.
Вчера беа потврдени 28 нови случаи на заразени од кои 21 во главниот град.
Локалните власти го ограничија движењето на луѓето во Пекинг и ги засилија другите мерки за да се спречи дополнителното ширење на вирусот по појавата на локални кластери.
Комисијата регистрираше уште 5 асимптоматски случаи, односно лица кои се заразени со коронавирус, но немаат симптоми. Кина не ги додава асимптоматските случаи во бројот на заразени.