Новинарки на ИРЛ Македонија ја открија темната страна на „феноменот“ Жан Митрев

Истражувачката репротерска лабораторија – ИРЛ Македонија објави нова истражувачка сторија во форма на документарец - „Нечиста крв“ - што синоќа беше објавен на МРТ1 и на YouTube каналот на ИРЛ.

Тема на истрагата и сторијата што ја потресе македонската јавност е една од најголемите приватни клиники во државата и нејзиниот сопственик, д-р Жан Митрев.

Ова истражување се базира на 24 пријави на граѓани од Македонија и Косово кои новинарките на ИРЛ ги истражуваа и верификуваа повеќе од 22 месеци.

Истражувањето го следи патот и методологијата на функционирање на еден од најскапо платените доктори во државата. Дали методот на хемофилтрација кој во клиниката на Жан Митрев се наплаќал од 3.000 до 5.000 евра бил одобрен за лекување на COVID-19? Ова е само една од низата контроверзни теми поврзани со сопственикот на клиниката опфатени во најновото истражување на ИРЛ, вклучувајќи ја транспарентноста за неговата едукациска и професионална биографија.

Remote video URL

Истражувачката репротерска лабораторија – ИРЛ Македонија е основана со иницијална поддршка на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција. (Organized Crime and Corruption Reporting Project). OCCRP е истражувачка репортерска платформа формирана од повеќе од 40 непрофитни истражувачки центри и неколку регионални и глобални новински организации низ светот. Нашата мрежа е низ цела Европа, Африка, Азија и Латинска Америка. Членките се здружија во 2006 година со цел да го промовираат прекуграничното истражувачко новинарство и да ја промовираат технолошкиот пристап во откривањето на организиран криминал и корупција низ светот. Оттогаш наваму, нашата мрежа расте, а OCCRP е добитник на стотина национални и меѓународни признанија и престижни светски награди, како Пулицеровата награда  за проектот „Панама Пејпрс“ во којшто учествуваа и новинарите на ИРЛ.

Од редакцијата на ИРЛ денеска се огласија со информација за истражувањето „Нечиста крв“ во кое се заблагодарија за интересот на јавноста и споделија дека по објавување на документарецот добиле стотици пријави од граѓани за неправилности и злоупотреби во рамки на државниот и приватниот здравствен систем.

„ИРЛ е непрофитна организација со мал тим на новинари кој работи со скромни ресурси. Важно е да нагласиме дека нашата цел и задача е да известуваме за проблемите, но ја немаме моќта која ја имаат институциите да ги спречат овие случаи и да им дадат правна разврска.

Во моментов се соочуваме со дефицит на човечки ресурси, поради што не сме во можност веднаш да одговориме на сите пријави. Сакаме да ве известиме дека сите граѓани кои ни се обратија и оставија свој контакт ќе бидат исконтактирани во наредниот период и ќе се обидеме да обработиме што е можно повеќе пријави. Искуствата на граѓаните ќе бидат објавени и на официјалната страна на ИРЛ: www.irl.mk

Ве замолуваме да бидете трпеливи и да почекате да бидете контактирани од некој од нашите новинари.

Ви благодариме на поддршката и довербата која ни ја давате, а ние ќе дадеме сè од себе да ги покриеме сите нови теми кои произлегоа од сторијата ‘Нечиста крв’“, се вели во соопштението.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе