Раперката Карди Би објави спот за песната „Up“ и повторно се најде среде скандал.
Карди Би објави провокативен спот за песната „Up“, спотот има над 12 милиони прегледи за еден ден, но сите коментираат дали всушност станува збор за плагијат.
Двајца рапери, Мир Песос и Мир Фонтејн тврдат дека Карди Би им украла дел од рефренот. Но, Карди Би на социјалните мрежи објави снимка на која рапува на истата песна уште пред неколку месеци, за да докаже дека песната е нејзин оригинал.
Двајцата рапери песната ја објавија на 15 септември минатата година, а Карди нејзиниот тизер го објави на 7 август, пред да биде премиерата на спотот за „WAP“. Во нивната песна „Stuck“, тие пеат „up then it’s stuck“, а слично е и во стиховите на Карди Би која рапува „If it’s up, then it’s up, then it’s up, then it’s stuck“.
Карди Би вели дека ништо против да дели процент од песна од која би била инспирирана, но акцентира дека никогаш не слушнала за овие луѓе и дека ѝ е мило што дел од песната објавила во живо уште пред неколку месеци.