Ново смртоносно оружје: Дрон направен на 3Д принтери

Компанијата Firestorm Labs неодамна собра дури 12 милиони долари од инвеститори.

Во овој стартап инвестираат големи компании како Lockheed Martin, а целта им е да развијат евтини минијатурни фабрики за дронови за 3Д печатење кои би се користеле во воените зони.

Firestorm Labs, со седиште во Сан Диего, е основана откако инженерот Јан Муцеус го посети Киев среде војната, а основниот план е да се изградат фабрики за дронови кои ќе се вклопат во класичен контејнер за транспорт, за да можат да бидат поставени насекаде во светот.

Контејнерите за транспорт со беспилотни летала доаѓаат во две главни варијанти, со опции од 6 и 12,2 метри кои моментално се нудат. Firestorm Labs тврди дека овие фабрики треба да прават околу 50 дронови месечно.

URL

Од компанијата додаваат дека тие можат да се постават каде било, а дека дури и целиот систем не мора да биде приклучен на електричната мрежа, односно да се снабдува со електрична енергија со помош на генератор.

Производот се вика Tempest (Бура). Има максимална тежина при полетување од 25 кг, може да носи товар од 4,5 кг и има распон на крилата од 2,1 метар.

Дронот може да се расклопува за лесен транспорт и има заменливи погонски системи за различни потреби, односно различни мисии.

Компанијата смета дека ова решение треба да им овозможи на корисниците брза и ефикасна воздушна поддршка директно до првите линии.

реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе