Новоизбраниот премиер Фицо: Словачка има поголеми проблеми од Украина

Макфакс/Кајгана
/ 02.10.2023 / 11:20

Словачката Социјалдемократска партија (СМЕР) нема да поддржи понатамошна воена помош за Украина, изјави нејзиниот лидер Роберт Фицо за новинарите.

Неговата партија го презеде водството на парламентарните избори одржани за време на викендот и сега е подготвена да започне разговори за формирање влада.

„Словачка и народот на Словачка имаат поголеми проблеми од Украина“, рече тој на прес-конференција по објавувањето на изборните резултати. СМЕР освои околу 23% од гласовите, додека нејзиниот најблизок конкурент, Прогресивна Словачка (ПС) на Михал Шимечка, околу 18%. Речиси 15% освои новата партија Хлас на Петер Пелегрини, кој во периодот 2018-2020 беше премиер од СМЕР.

На прашањето за ставот на неговата партија за помошта за Киев, Фицо рече дека ако неговата партија успешно формира влада, сепак ќе биде подготвена да помогне, но само на хуманитарен начин.

„Ние сме подготвени да помогнеме во обновата на земјата, но вие го знаете нашето мислење за вооружување на Украина“, рече тој.

Левичарот Фицо претходно во два наврата беше премиер на Словачка, од 2006 до 2010 и од 2012 до 2018 година. Тој е силен поддржувач на полската и унгарската антиимигрантска политика.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе