Новомаалци ја обвинуваат Белчева и се закануваат со тужби ако продолжат блокадите за комплексот „Гранд“

Скопје, 2 декември 2021 (МИА) – Жители на Ново Маало најавуваат тужби доколку, како што велат продолжат обидите за блокирање на реализација на комплексот „Гранд“.

Тие истакнуваат дека се револтирани  од реакциите на граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ и обидот да се суспендира комплексот на паркингот спроти „Холидеј Ин“, што почна да се гради на 22 ноември оваа година.

– Изминативе 70 години ние бевме жртви на институциите кои нè водеа низ бескрајни лавиринти и нема да дозволиме некои активисти да си поигруваат со нас. Токму поради тие активисти и конкретно сега актуелната советничка во Општина Центар Јана Белчева, ние со години не смеевме да направиме никаква интервенција на сопствениот дом, за колку-толку да си ги подобриме условите за живот, вели Игор Стојанов жител на Ново Маало.

Стојанов посочи дека со меморандумот што Белчева го донесе во 2017 година, како претседател на Советот на Општината претрпеле штета и додава оти таа не кажува зошто е исклучен спорниот ДУП Ј07 на Водно.

– ДУП-от предвидува дури петкратно зголемување на вкупно изградената површина на објектите и четирикратно зголемување на катноста. Тоа значи дека овие приземни бараки овде, сега може да имаат плус два ката и поткровје, вели Игор Стојанов.

Се работи, обвинува тој, за личен интерес на Белчева, односно за имот на нејзиното семејство.

– Таа личниот интерес го става пред интересите на нејзините сограѓани во Општина Центар кои ги држи во агонија цели три години со нејзиниот незаконски мораториум. Воедно, најавуваме и дека ќе поднесеме претставка до Советот на Општина Центар, до градоначалникот и до Антикорупциска да го истражат овој случај, а ги покануваме и медиумите сами да истражат зошто ДУП Ј07 не беше под мораториумот на Јана Белчева. Никој нема право да одлучува за нашите имоти и нашите животи и многу важно за сите таканаречени активисти – Ново Маало не е јавен простор, порача Стојанов.

Тој најави дека доколку продолжат блокадите, тие ќе поднесат тужба до надлежните органи и лично против Јана Белчева.

„Шанса за Центар“ најавија протест

Активистите од „Шанса за Центар“ за утре најавија протест пред Јавното обвинителство со цел да ја спречат изградбата на висококатниците спроти „Холидеј Ин“.  Тие бараат запирање на градежните активности поради сомнеж за корупција и злоупотреби на службената должност, а Јавното обвинителство најитно да се произнесе по иницијативата од Државната комисија за спречување на корупцијата. Воедно, Владата да одвои средства од централниот буџет доколку Општина Центар нема доволно за новомаалци да добијат решение и излез од нехуманите услови во кои живеат, а Советот на Општина Центар најитно да го изгласа елаборатот за суспензија за натамошно спроведување на овој ДУП. Исто така бараат и Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам најитно да спроведе надзор врз основа на претставката поднесена од ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, а за локацијата да се распише меѓународен конкурс со кој ќе се гарантира зелено и хумано решение.

– Во државата годишно умираат повеќе од 3500 луѓе од загаден воздух! Ако се дозволи изградбата уште повеќе ќе се спречи струењето на воздухот што ќе резултира со уште поголемо негово загадување и дополнително ќе се влоши квалитетот на живот во центарот на Скопје. Центарот ќе биде парализиран од сообраќаен метеж и луѓето што живеат и работат во близина нема да може да ги извршуваат секојдневните обврски, порачаа од граѓанската иницијатива.

Во април оваа година беше најавена изградбата на висококатниците спроти „Холидеј Ин“, чиј инвеститор е „МГ Фешн“. Изградбата на овој проект предизвика низа реакции меѓу граѓаните, па дури се спроведе и онлајн петиција насловена „Петиција против изградба на висококатници на парцелата спроти Холидеј Ин“.

На 22 ноември 2021 година започна изградбата на првата фаза на комплексот „Гранд“, предвиден за изградба на Градежната Парцела 1.1 во рамките на ДУП Ц08. Од „МГ Фешн“ најавија дека на свој трошок ќе ги обесштетат сите жители на Ново Маало, со цел да ги почувствуваат бенефитите на современото урбано живеење во главниот град преку урбано регенерирање на овој простор во срцето на Скопје.

Проектот предвидува изградба на три згради со 15, 20 и 25 ката, со 400 станови во кои се очекува да живеат околу 1.200 жители. Предвидени се и 1.000 паркинг места, зелена површина од 6.520 метри квадратни, додека вкупната површина на градбата е 13.654 метри квадратни.

Реакција на „Шанса за Центар“ на изјавите на жителите од Ново Маало

„Шанса за Центар повторува уште еднаш дека ставовите на Јана Белчева Андреевска се ставови на сите нас, а дека индивидуализирањето на нападите е крајно недолично.

Ја информираме јавноста дека обвинувањата на дел од жителите на Ново Маало насочени кон неа ги сметамe за крајно тенденциозни, лажни и поттикнати од други субјекти, кои манипулираат и со системот и со засегнатите жители на Ново Маало.

Таа нема апсолутно ништо со посочената парцела која спаѓа во ДУП донесен во 2013, а во време кога немала мандат во Советот. Овој план не спаѓа во плановите кои биле под мораториум донесен по основ за неусогласеност со ГУП 2012, и по направена анализа од стручна комисија на општината.

Посочената парцела никогаш не била во нејзина лична сопственост, ниту во нејзиниот мандат претрпела било какви промени на параметрите за градба. Од пред пандемијата парцелата е во сопственост на трети лица“, стои во реакцијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе