Новооткриени сидра на брегот на Сицилија даваат нов увид во архајскиот период

По дојава од граѓани, тимови нуркачи открија камени артефакти кои сведочат за хеленската окупација на Средоземното Море во архајскиот период.

Дното на морето крие бесконечен број богатства што неговите води ги сочувале од човештвото, во некои случаи тие можат да лежат скриени неколку векови.

Брегот на Сицилија сега беше сцена на необично откритие: две камени сидра од древна Хелада, на морското дно длабоко околу 15 метри, камуфлирани меѓу карпите и океанската фауна и флора на брегот на Сиракуза.

По увидот на поголема површина од морското дно во областа и благодарение на индициите добиени преку дојава од граѓаните, тим нуркачи од Поморската управа на Сицилијанскиот регион потврдија присуство на сидра. После тоа, артефактите биле анализирани со фотограметрија, со што се потврдило дека потекнуваат од железното време, периодот на архаичната ера на древна Хелада.

Добиените резултати покажуваат сидро во облик на јајце со отвор и леано сидро со три отвори, со големина од околу 70 см. Главна карактеристика на второто е тоа што е со неправилен облик, што укажува дека не е обработено. Горниот кружен отвор служел како место низ кое се поминувало и врзувало јажето на чамецот.

Употребата на овој тип на сидро ѝ претходела на употребата на железни сидра, кои се користеа до неодамна.

Што е хеленскиот архаичен период?

Оваа етапа на древна Хелада се карактеризира со подем во историјата на оваа цивилизација по етапата што се смета за „мрачна доба“, каде што преовладувала декаденцијата и каде територијата била поделена на кралства кои подоцна ќе станат градови-држави предводени од олигархиски влади.

Сепак, почнувајќи од 800 година п.н.е., се случил клучен феномен за проширување на Хелада надвор од нејзините сегашни граници: длабоката економска криза довела до емиграција, а Хелените го окупирале Средоземното Море со цел да истражат нови земји каде што би можеле да ги основаат своите градови.

Овој феномен довел до појава на голем број пловила во областа на денешното Јонско Море, каде што се наоѓа брегот на Сиракуза, и затоа го објаснува присуството на неодамна откриените сидра, како и други археолошки докази.

реклама

Вести

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Read more

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе