Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот појадок во светот

Нутриционистите препорачуваат да го започнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок на светот.

Иако има многу здрави опции за појадок, од смути до сендвичи со интегрален леб, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еве еден предлог за ваков оброк:

Состојки

2 супени лажици пченични никулци

4 супени лажици овесна каша

1/4 јаболко

3 суви кајсии

150 грама јогурт со малку маснотии

Зошто е ова најздравиот појадок?

Пченичните никулци и овесната каша го снабдуваат организмот со влакна и позитивно влијаат на варењето. Овесната каша е суперхрана бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а е одличен избор за оние кои ја следат линијата бидејќи имаат 347 калории во 100 гр. Покрај тоа, содржи витамини, пред се Е и Б, и минералите селен, цинк, калциум и магнезиум. Пченичните никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат на нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц.

Ако изедеме јаболко уште наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, па затоа витаминот Ц од ова чудесно овошје помага при настинки и вирусни инфекции, а влакната спречуваат запек и ја ублажуваат дијареата. Јаболкото треба само добро да се измие, но не и да се излупи, бидејќи неговата кора е исклучително богата со тритерпеноид, кој го спречува размножувањето на местата на ракот, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дојката и дебелото црево.

Сувите кајсии се прекрасен извор на железо и витамини Б и Ц, додека во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк со протеини, калциум и калиум.

реклама

Утре дожд во пролет, ќе има и грмежи и силен ветер

Read more

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Read more

Се откриваат скандали во градежништвото: Од издадени 2.810 лиценци, нерегуларни се дури 427

Read more

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Read more

Здравје

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Read more

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Read more

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Read more

Колку часа седење претставува ризик за здравјето на срцето?

Read more
 

Магазин

Совршено подготвен модар патлиџан: Елиминирате ја горчината и подобрете го вкусот

Читај повеќе

Неколку совети како побрзо да ги исушите алиштата дома

Читај повеќе

Пет висококалорични намирници кои треба да ги јадете

Читај повеќе

Зошто е важно да им дозволите на децата да прават грешки додека растат?

Читај повеќе

Колку чекори треба да правиме дневно за да слабееме?

Читај повеќе

Дали шеќерот може да го поттикне развојот на рак?

Читај повеќе

Како да ги ублажите симптомите на алергија во пролет?

Читај повеќе

Дали само пешачење е доволно за да бидете фит и здрави?

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да го зголеми ризикот од срцеви проблеми

Читај повеќе