Обединетото Кралство, Италија и Јапонија заедно ќе прават нов борбен авион

Британскиот премиер Риши Сунак денеска треба да потврди дека е договорена соработка меѓу Велика Британија, Италија и Јапонија за развој на нов борбен авион кој користи вештачка интелигенција.

Сунак е убеден дека заедничкиот проект на трите земји ќе отвори илјадници работни места во Велика Британија и ќе ги зајакне безбедносните врски.

Планот е земјите вклучени да развијат борбен авион од следната генерација, кој треба да стапи во употреба во средината на 2030-тите како замена за борбениот авион Typhoon. Британските власти се надеваат дека новиот авион ќе носи најсовремено оружје. Работата на неговиот развој е веќе во тек, а целта е да се создаде борбен авион кој ќе користи напредни сензори, па дури и вештачка интелигенција за да му помогне на пилотот кога е преоптоварен или под екстремен стрес.

Исто така, леталото треба да има можност да лета без пилот доколку е потребно и да може да истрела хиперсонични ракети. Меѓутоа, со оглед на тоа што изградбата на вака комплексен авион е исклучително скапа, Британците побараа партнери.

Во проектот најпрвин беше вклучена Италија, а потоа и Јапонија, што е уште еден показател за спроведувањето на британската стратегија за градење блиски односи со сојузниците во Индо-пацифичкиот регион, загрижени за однесувањето на Кина.

Британците очекуваат и економски придобивки

Оставена е можност и други земји да се приклучат на програмата. Франција, Германија и Шпанија веќе работат заедно на свои посебни дизајни, како и САД. Британците не очекуваат да профитираат од овој проект само на безбедносен план, туку очекуваат и економски придобивки, пишува BBC.

Се очекува дека развојот на новиот борбен авион би можел да создаде и одржи илјадници работни места во Велика Британија, но и да ја отвори вратата за поголем извоз на оружје во иднина. Сунак треба да ја започне првата фаза од програмата за време на денешната посета на RAF во Линколншир.

„Безбедноста на Обединетото Кралство, и денес и за идните генерации, секогаш ќе биде од најголема важност за оваа влада. Затоа мора да останеме на врвната одбранбена технологија, да ги надминеме и да ги надмудриме оние кои сакаат да ни нанесат штета“, најави британскиот премиер пред посетата.

„Меѓународното партнерство што го објавивме со Италија и Јапонија има за цел да го направи токму тоа, нагласувајќи дека безбедноста на евроатлантските и индо-пацифичките региони се неделиви. Следната генерација на борбени авиони што ја дизајнираме ќе нè штити нас и нашите сојузници ширум светот искористувајќи ја моќта на нашата одбранбена индустрија, создавајќи работни места додека спасува животи“, додаде Сунак.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе