Објавен извештај за најкорумпираните земји во Европа: Македонија уште е во „црвено“

Transparency International (TI) го објави својот годишен извештај за перцепцијата на корупција во земјите од Европската Унија и Западна Европа. Извештајот покажува и дека овој негативен тренд се засилува низ европскиот континент.

Корупцијата во Западна Европа и во Европската Унија е сè полоша, оценуваат експертите од оваа област, а најновиот извештај на TI покажува дека таа се влошува и дека корупцијата е сè поприсутна.

Последниот Индекс на перцепција на корупцијата (CPI) на TI опфати 180 земји, а извештајот зборува за нивото на корупција во јавниот сектор.

Според извештајот, експертите и деловните луѓе сметаат дека најмалку корумпирана земја во светот е Данска, а на второто и третото место следат Финска и Нов Зеланд.

И покрај тоа што добро се пласираа на вкупната листа, неколку високорангирани демократии, како што се Шведска (82 поени), Холандија (79), Исланд (72) и ОК (71), ги забележаа своите најниски годишни резултати откако се води евиденција со CPI на TI, а тоа е од 2012 година.

Европски земји со најдобри резултати се Данска (90), Финска (87) и Норвешка (84).

Македонија е на 76-то место со 42 поени. Тоа е искачување во споредба со 2022 година, кога беше на 85-то место со 40 поени. Со овој скор, Македонија спаѓа во глобалниот просек, но уште е во „црвено“.

Од регионот, Босна и Херцеговина има скор од 34, Србија 36, Црна Гора 45, додека Хрватска бележи подобри резултати во борбата против корупцијата и има скор од 50 (на 57-мо место).

Од 31 земја во Западна европа/ЕУ, само шест земји значително го подобриле својот резултат од 2012 година, и тоа: Чешка (57), Естонија (76), Грција (49), Латвија (60), Италија (56) и Ирска (77).

Споредено со нивните резултати во CPI за 2015 година, Австрија (71), Луксембург (78), Шведска (82) и Велика Британија (71) бележат значителен пад, што значи дека таму се позастапени коруптивните практики во јавниот сектор.

Полска (54), исто така, забележа пад од седум поени во текот на изминатата деценија поради „напорите на претходната владејачка партија Закон и ред (PiS) да ја монополизира власта на сметка на јавниот интерес“, се вели во извештајот. Исто така, се истакнува дека Грција (49) добила многу ниска оценка на списокот за 2023 година поради слабата судска независност.

Сепак, дури и земјите со најдобри резултати имаат проблеми во справувањето со корупцијата во јавниот сектор, се вели во извештајот, истакнувајќи дека тие „имаат слаби резултати во гонењето на компаниите кои плаќаат мито за освојување на странските пазари“.

Во својот извештај, TI дојде и до заклучок дека информациите за коруптивни активности се многу ограничени и минимално достапни за јавноста, но и за медиумите.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Македонија

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Read more

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе