Објавен нов трејлер за анимираниот „The Addams Family“
MGM го објави вториот трејлер за новиот анимирани филм „The Addams Family“, во режија на Грег Тиернан и Конрад Вернор.
Во целосно новата анимирана верзија гледаме како чудното семејството Адамс функционира со младите генерации. Гласовите во филмот ги позајмуваат Оскар Ајзак како Гомез, Шарлиз Терон како Мортиша, Фин Вилфхард како Пагсли, Нико Крол како вујко Фестер и Бет Мидлер како Бабата.
Во филмот се појавуваат и нови ликови. Премиерата е закажана за 11 октомври.