Филм & ТВ

Објавен првиот трејлер за „The Death of Stalin“

12. август 2017 - 13:20 | Б.С.Б.

Првиот трејлер за сатиричната комедија „The Death of Stalin“ во режија на Армандо Јанучи открива интересни детали за филмот, чија светска премиера е закажана за 20 октомври.

По смртта на Сталин настапува битка за тоа кој ќе биде негов наследник. Тим од политичари се борат за преземањето контрола врз земјата, обидувајќи се да останат живи покрај големата амбиција.

Во главните улоги се појавува Стив Бушеми, Сајмон Расел Бил, Џејсон Ајсакс, Мајкл Пејлин и други.

Коментирај