Објавен тизер трејлер за серијата „Bridgerton“
Netflix го објави трејлерот за долгоочекувата серија „Bridgerton“ снимена според бестселер романите на писателката Џулија Квин.
Дејството се одвива за време на регентскиот период во тогаш Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска (1811-1820 година) и се врти околу семејството Бриџертон чија мајка вдовица има осум деца кои се во потрага по љубовта на нивниот живот.
Осум епизоди од првата сезона ќе бидат премиерно прикажани на 25 декември.
Квин има напишано 9 книги од серијалот Бриџертон од кои првите две во 2000, а последната во 2013 година.