Објавен трејлерот за втората сезона на најскапата серија „The Crown“
Втората сезона на серијата „The Crown“ во продукција на Netflix ќе почне да се емитува во декември и вчера беше објавен трејлерот како најава.
ТВ-серијата за владеењето на британската кралица Елиабета Втора е најскапата серија снимена досега со буџет од над 100 милиони долари.
„Додека бракот и империјата на Елизабета се рушат околу неа, таа мора да направи сѐ што е потребно за да се осигура дека британската монархија ќе опстане“, стои во најавата за втората сезона.