Објавен вториот трејлер за „The Hitman’s Bodyguard“
Lionsgate го објави вториот трејлер за летниот блокбастер The Hitman’s Bodyguard со Рајан Рејнолдс и Самјуел Л. Џексон во главните улоги. Премиерата е закажана за 18 август.
Рејнолдс толкува улога на врвен светски агент чија задача е да штити опасен убиец, Џексон. Заедно ќе патуваат од Англија во Холандија, а нивната луда авантура е во центарот на вниманието.