Објавена листа на најплатените ракометари во светот

Како и секоја година за време на големото ракометно натпреварување, порталот Totalsport објави ажурирана листа на најплатените ракометари во светот.

На листата нема македонски ракометар, а од балканските земји меѓу најплатените ракометари се најдоа Хрватите Домагој Дувњак (Кил) и Лука Циндриќ (Барселона).

Капитенот на хрватската репрезентација го држи 4-тото место со годишна плата од 800.000 евра, а Циндриќ е шести со 700.000 евра примања годишно.

Највисока годишна плата има данскиот ракометар Микел Хансен кој во ПСЖ заработува 1,5 милиони евра годишно, пред неговиот соиграч Никола Карабатиќ кој има точно 1 милион евра годишно. Тоа е крајот на списокот на ракометари кои заработуваат милион или повеќе евра годишно.

Следи данскиот ветеран Ханс Линдберг, кој во Фихсе Берлин заработува 850.000 евра годишно, четврти е претходно споменатиот Дувњак, петти е Кристијан Бјернсен од Алборг, кој заработува исто колку и Лука Циндриќ.

Никлас Ландин од Кил заработува 650.000 евра годишно, а со 500.000 евра годишно се Алејш Гомес од Барселона и Арон Палмарсон од Алборг. Последното место во топ 10 му припадна на Аитор Арин од Барселона со годишна плата од 475.000 евра.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Ракомет

Штербик имал срцев удар

Read more

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Read more

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе