Објавена првата книга за современа македонска музика на англиски јазик - „Press & Play“ на Ненад Георгиевски

Александра Спасеска
/ 17.07.2020 / 11:46

Првата книга со рецензии на англиски јазик за современа македонска музика на авторот Ненад Георгиевски е насловена „Press & Play“ и на 20 јули (понеделник) во 19 часот ќе има и своја онлајн промоција.

Промоцијата на книгата што се состои од рецензии кои воедно се објавени во реномираниот светски медиум All About Jazz, ќе може да се проследи преку Facebook страницата Литература.мк. Делото е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и од утре (18 јули) ќе може да се најде во сите книжарници „Литература.мк“ или да се купи онлајн на www.literatura.mk.

Модератор на онлајн промоцијата ќе биде музичката новинарка Бранка Костиќ-Марковиќ, а покрај авторот Георгиевски, свој осврт на делото ќе дадат и уредникот Милан Дамјаноски и Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“.

„Press & Play“ е составена од рецензии на албуми, на концерти и фестивалски настапи на изведувачи меѓу кои: Влатко Стефановски, „Леб и сол“, Кирил Џајковски, „Фолтин“, Џијан Емин, Ади Имери, Гоце Стефковски, Џон Апелгрин, Зоран Маџиров, „Анастасија“, „Чалгија Саунд Систем“, „Проект Жлуст“ и настани како Скопскиот џез фестивал и Офф-фест.

„Книгата претставува збир од мои текстови за македонската музичка култура кои ги имам пишувано 15 години за All About Jazz. Се работи за рецензии на изданија и концерти на различни генерации македонски музичари. Со години, тие текстови претставуваа единствен увид за тоа што се случувало креативно на музички план во Македонија, но напишано на јазик и платформа каде милиони читатели имале пристап. На неа гледам како на важен документ за современата македонска музичка култура“, вели Георгиевски.

„Овие текстови се единствените сведоштва за оваа наша мала музичка култура кои се напишани за странски медиум и тука имам излеано многу емоции и размислувања“, додава Георгиевски во неговата најава за книгата на социјалните мрежи.

Уредникот Дамјаноски во својот предговор посочува дека кај авторот во изминатите 25 години, откако го познава, нема минато ниту еден ден кој не бил поврзан или погоден од музика.

„Тој има широко и длабоко познавање на историјата на музиката од 20. век, преку неговата страствена колекција на албуми како и преку различни формати кои индустријата ги произведува во текот на изминатите 40 години. Понатаму, тој бил сведок на развојот на современата македонска музичка сцена и активен учесник во културниот живот на Скопје и Македонија. Сето ова го подготви за задачата што ја презеде станувајќи автор, работејќи за бројни списанија, весници во Македонија и на Балканот. Сепак, најзначајниот дел од неговото резиме е како новинар и неговата соработка со All About Jazz, која почна во почетокот на 20. век“, објаснува уредникот на „Press & Play“.

Оливер Јосифовски од групата „Љубојна“, пак, во својот предговор му се заблагодарува на Ненад за неуморното бележење на музичките случувања во земјава.

„Откако го запознав Ненад во 2005 година можам да потврдам дека во секој сегмент од неговата кариера и како музички новинар и како критичар, тој трпеливо ја црта, ја гради и ја полира сликата за оваа музичка ера. Не знам дали ова ќе биде најдобрата ера во текот на нашиот животи, но додека патуваме во оваа временска машина, овие хроники и текстовите дефинитивно ќе му служат најдобро на ова наше време. Без неговите дела, би било тешко на музичката сцена во Македонија од 2004 година до денес“, завршува Јосифовски.

„Press & Play“ е дело распослано на 200 страници во кои секој вљубеник во музиката може да ужива.

реклама

Што треба да правите по секое вежбање за да стопите двојно повеќе масни наслаги?

Read more

Бил Гејтс: Пандемијата за богатиот свет ќе заврши до 2021, за другите подоцна

Read more

Пет најчести лаги кои жените ги кажуваат за сексот

Read more

УФЦ нокаут како на Зангиеф од Street Fighter

Read more

МК сцена

„Mayhem“ го одложи настапот во Скопје за 2021 година

Read more

Влатко Стефановски: Нас први нè укинаа и последни ќе ни дозволат да работиме

Read more

Прво издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“ во МКЦ парк

Read more

Објавена првата книга за современа македонска музика на англиски јазик - „Press & Play“ на Ненад Георгиевски

Read more

Сцена

  • play_arrow

Што да гледате на Netflix следнава недела?

Читај повеќе
  • play_arrow

9 август 1986, последниот концерт во живо на „Квин“ со Фреди Меркјури

Читај повеќе

„Пријателите“ сепак нема да се соберат повторно

Читај повеќе

Во подготовка четврти и петти дел на „John Wick“

Читај повеќе
  • play_arrow

Куклата Попи од „Trolls“ повлечена од пазарот поради непристоен дизајн

Читај повеќе
  • filter

Фотошоп магија: Холивудските ѕвезди позираат со нивните најпознати ликови

Читај повеќе
  • play_arrow

„Mayhem“ го одложи настапот во Скопје за 2021 година

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

Ева Лонгорија има 45 години и изгледа неверојатно

Читај повеќе