Обожавате хорор филмови? Веројатно подобро се справувате со пандемијата

Научници од Чикаго тврдат дека љубителите на хорор филмовите подобро се справуваат со пандемијата психички отколку љубителите на комедии, драми или трилери. Авторот на студијата, Колтан Скривнер, зборуваше и за ова за подкастот Science unscripted.

A Nightmare on Elm Street или Friday the 13th пред спиење? Во време на пандемија, се чини дека тоа не е лоша идеја. Според студијата на Универзитетот во Чикаго, љубителите на хорор филмовите психички подобро се носат со присуството на коронавирусот и мерките што го превртуваат секојдневието наопаку.

„Љубителите на хорор филмовите страдаат помалку од пандемичен стрес, анксиозност, несоница или други симптоми на депресија“, изјави за DW Колтан Скривнер, докторанд на Универзитетот во Чикаго, автор на неодамнешно истражување.

Уште во април – при т.н. прв бран на пандемијата, кога стравот беше на највисоко ниво - истражувачите анкетираа 322 луѓе за тоа каков вид филмови гледаат и колку пандемијата ментално ги угнетува.

„Можно е луѓето кои честопати се соочуваат со застрашувачка фикција на некој начин да се навикнати да се чувствуваат исплашени во безбедна средина“, изјави Скривнер за подкастот Science unscripted.

„Тезата е дека кога ќе наидат на несигурност и страв во реалниот свет, тие имаат некаква алатка за да го надминат тоа.“

Покрај тоа, истражувачите заклучиле дека љубителите на т.н. prepare филмови (за опстанок во време на апокалипса, инвазија на зомби или вонземјани), исклучително добро се соочуваат со пандемија.

Вежба за реалноста

Американското списание Psychology Today на својот портал пишува дека склоноста кон хорорите може да се објасни со бенигниот мазохизам. Оваа теорија вели дека ако знаеме дека сме безбедни, односно дека реалната опасност не ни претставува закана, тогаш можеме да уживаме во чувства кои се инаку негативни, како што се болка, страв, умор...

Списанието наведува дека, според друга теорија, уживаме во застрашувачката фикција бидејќи ни овозможува да замислуваме сценарија и да се подготвуваме за слични реални животни ситуации. „Бидејќи само сега среде глобална болест, овие вештини се прилично практични“, стои во објавата на Psychology Today.

Веројатно нема да пуштиме филм со намера да се подготвиме за вистинска катастрофа. Но, несвесно, се вежбаат вештините за контрола на емоциите и се испробуваат емоционални и стратегии на однесување за одредени ситуации “, додаде авторот на студијата Скривнер.

А видеоигрите?

Следниот потфат на овој истражувач и колегите е да утврдат како хоророт во различни медиуми влијае на подготвувањето на луѓето за стресно секојдневие. На пример, дали филмовите, книгите или можеби видеоигрите имаат поголемо влијание?

Што е со екстремно насилните и крвави игри со елементи на хорор како популарниот серијал Resident Evil?

„Мислам дека видеоигрите може да помогнат (во справувањето со стресот) барем колку филмовите, можеби и повеќе. Мислам дека клучен е  степенот до кој сте вовлечени во нарацијата, колку се плашите и како го надминувате стравот“, вели Скривнер.

Тој за DW откри дека го поминува цел октомври во „опседната“ куќа каде што испитува како луѓето се справуваат со стравот, како и што е тоа што ги привлекува во vваквите „проколнати“ куќи.

Додуша, таму нема вистински духови. Тоа е „опседната куќа“ во Вејле, Данска, каде за 40 евра по лице ви ветуваат дека ќе бидете преплашени „до смрт“ за време на 45-минутната прошетка низ „проколнатиот“ лавиринт. После тоа, можете да си купите пијалоци и грицки.a

реклама

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе