Обрежување девојки - брутална традиција на племе во Кенија

Кога минатата година фотографот Зигфрид Модола го овековечи ритуалното обрежување млади девојки во Баринга, рурална област во Кенија, и британскиот Daily Mail објави сторија за маките на младите припаднички на племето Покот, светот беше ужаснат.

Против овој обичај се кренаа бројни организации за заштита на човековите права и правата на жените, но оваа традиција и натаму опстанува - иако во Кенија обрежувањето забрането е со закон.

Припадниците на ова племе објаснуваат дека тоа е начин за девојките да се подготват за брак и да се „разубават“. Дури ни најгрижливите родители не отстапуваат од ритуалот, и покрај фактот што девојките минуваат низ толку болна процедура што повеќето од нив губат свест.

„Тоа се прави отсекогаш, тоа е начин за девојките да влезат во светот на возрасните“, вели татко на една од девојките.

Овој вид на обрежување подразбира отстранување на клиторисот и дел од внатрешноста на вагината со цел да се намали желбата за секс, а се изведува со различни видови сечила - од стакло до ножеви.

Кениските закони предвидуваат доживотна робија за сите оние што ќе обрежат девојка која потоа ќе почине поради хеморагија, шок или подоцна за време на породување.

До ноември минатата година спроведена била истрага за 50 случаи на смрт на девојки при обрежување. Оние што ќе преживеат неретко покасно во животот - при пораѓање - доживуваат различни компликации.

Властите и судиите што се борат соодветно да ги казнат сите оние што продолжуваат со овој обичај истакнуваат дека се големи оптимисти кога станува збор за неговото прекинување.

„Можеби не утре, но ќе го прекинеме“, вели Кристин Нанџала, која стои на чело на телото што ги води истрагите. „Без надеж немаме ништо“.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Свет

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Read more

AstraZeneca призна дека нејзината вакцина против COVID-19 може да предизвика несакани ефекти

Read more

Пивската партија влегува во изборната трка во Австрија

Read more

Шарл Мишел: ЕУ и кандидатите да бидат подготвени за проширување до 2030 година

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе