Од еден проблем во друг: Tesla повлекува 123.000 возила поради грешка

Tesla повлекува 123.000 возила од најпродаваниот Model S поради проблеми со механизмот за управување, ги извести своите потрошувачи преку е-пошта компанијата за производство на електрични возила.

Повлекувањето на автомобилите, најголемото досега на компанијата на Елон Маск, се однесува на моделите од луксузниот седан произведени по април, 2016 година.

Tesla утврди дека во поладна климатска средина, шрафовите на механизмот за управување многу брзо кородираат, поради што се отежнува управувањето со возилото.

Компанијата исто така соопшти дека нема никаква опасност за возачите и дека може да продолжат да ги возат своите автомобили. Засега нема пријавени несреќи или повреди што би можело да се поврзат со оваа грешка.

Уште една во низата лоши вести

Во вторникот, вредноста на акциите на Tesla нагло опадна откако американската влада соопшти дека го истражува минатонеделниот фатален судир во кој учествуваше возило од моделот Model X SUV.

И тоа не е сѐ. Сѐ повеќе луѓе сметаат дека компанијата Tesla Motors нема да го дочека крајот на годината.

Лидерот на инвестициониот фонд Џон Томпсон тврди дека Tesla ќе банкротира во рок од неколку месеци, а единствен спас ќе понуди новиот прилив на свеж капитал, или како што вели Томпсон, зајакот од шеширот на Елон Маск.

Сите се согласуваат во тоа дека најголем проблем на Tesla е тоа што никако не може да почне да генерира приход. Колкав губитник е Tesla најдобро зборува споредбата со гигантот Ford .

„Tesla вреди двојно повеќе од Ford, а Ford минатата година произведе шест милиони автомобили со профит од 7,6 милијарди долари, додека Tesla произведе 100.000 автомобили со загуба од две милијарди. Понатаму, Ford има заштеда од 12 милијарди за црни денови, додека Tesla во следните три месеци најверојатно ќе остане без пари“, изјави Томпсон.

реклама

Авто новости

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Read more

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Read more

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Read more

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Read more
 

Автомобили

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе
  • filter

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Читај повеќе

Xiaomi со амбициозна цел: 100.000 испорачани SU7 во 2024 година

Читај повеќе
  • filter

Не е грешка: Dacia Duster носи ознаки на Renault

Читај повеќе
  • filter

Defender Octa: Тенк на терен, ракета на пат

Читај повеќе

Новиот хиперавтомобил на MG забрзува до стотка за 1,9 секунди

Читај повеќе
  • filter

Врвна прецизност и динамика: претставен новиот Cayenne GTS

Читај повеќе