Од кај да знае мечка што е метеоролошка станица

Поларните мечки, како најголем постоечки вид мечки, како и најголеми копнени месојади, се навистина волшебни суштества.

Сепак, повеќето од нас се навикнати да ги гледаат опкружени со снег на замрзнатите води на Арктикот. Токму затоа бевме изненадени кога дознавме дека рускиот фотограф Дмитриј Кох успеал да ги фотографира овие големи животни во напуштена метеоролошка станица на островот Коључин во Чукотско Море.

Станицата е изградена во 1934 година, па затворена во 1992 година. Сосема е невообичаено да се видат поларни мечки како шетаат во нешто што се чини како постапокалиптична човечка земја.

„Отсекогаш сакав да направам убави снимки од поларни мечки и тоа беше главната цел на нашата експедиција. Очекувавме да ги сретнеме најмногу на островот Врангел, познат ширум светот по тоа што е дом на многу мечки. Не оваа година, како што дознавме подоцна - можеби поради многу студеното лето. Но, природата секогаш ви испраќа нешто кога најмалку го очекувате - кога поминавме покрај островот Коључин во близина на северниот брег на Чукоткско Море, видовме некое движење зад напуштените прозорци таму. И кога се приближивме - тоа беа мечки! Никогаш порано не биле видени во тие згради, така што тоа беше ситуација што се случува еднаш во животот“, изјави фотографот за Bored Panda.

„Конечно се враќаме од долгоочекуваното патување до островот Врангел. Бидејќи е најоддалечениот и најисточниот дел на рускиот Арктик, ова место е многу тешко да се стигне, но и тешко е да се заборави. Патувавме со едреник долж брегот и поминавме повеќе од 1.200 милји недопрени пејзажи, села изгубени во времето, разновидна фауна и мориња полни со живот“, напиша Дмитриј на својот Instagram.

Тој исто така ги „фатил“ поларните мечки и во нивното вообичаено живеалиште:

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Чек дис аут

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Кружен ток не е за секој

Read more

15 најмистериозни езера во светот

Read more

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more
 

Магазин

Три начини да се опоравите од животот со токсични родители

Читај повеќе

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Читај повеќе

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Читај повеќе

Ѕвездите предвидуваат дека 2024 ќе биде година со многу разводи

Читај повеќе
  • play_arrow

5 солени грицки што може да ги јадете без страв од дебелеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Терапевт истакна особина што ги открива токсичните татковци

Читај повеќе

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Читај повеќе

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Читај повеќе

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Читај повеќе