Од мај Croatia Airlines воведува сезонска линија Скопје-Сплит

Авионските карти се веќе во продажба и може да се резервираат на веб-страницата на авиокомпанијата, која ќе понуди 15% попуст од 15 до 21 март.

Хрватскиот национален превозник, Croatia Airlines, ќе воведе нова сезонска авиолинија на релација Скопје-Сплит, од 12 мај годинава, најавува ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите меѓу Меѓународниот Аеродром Скопје и аеродромот во Сплит.

Авиокомпанијата ќе лета меѓу главниот град на Северна Македонија и туристичкиот центар на Далмација во текот на летната сезона, од 12 мај до 14 октомври 2023 година.

„Во овој период, Croatia Airlines ќе сообраќа со воздухоплов Dash 8-Q400, со капацитет од 76 седишта, двапати неделно, секој вторник и петок. Времето на пристигнување во Скопје ќе биде во 23:25 часот во вторник / 23:00 часот во петок, додека времето на заминување ќе биде во 5:45 часот, и во среда и во сабота. Времетраењето на летот меѓу Скопје и Сплит е околу 1 час и 25 минути“, велат од ТАВ.

За да го означи воведувањето на новата сезонска авиолинија Скопје-Сплит, Croatia Airlines ќе им понуди на патниците 15% попуст за купување авионски карти во периодот меѓу 15 и 21 март, и за билетите во една насока и за повратните билети.

Промотивниот попуст ќе биде достапен на сите продажни места на Croatia Airlines, вклучително и за онлајн купување преку веб-страницата на авиокомпанијата и преку мобилната апликација со внесување на промотивниот код SKOPJE15, како и на шалтерот на Croatia Airlines на Меѓународниот Аеродром Скопје.

„Попустот се однесува на основната цена, додека аеродромските такси и другите надоместоци остануваат исти и се плаќаат во целост.
Сплит ќе биде втората дестинација во Хрватска со која Меѓународниот Аеродром Скопје ќе биде поврзан. Хрватската национална авиокомпанија лета на релација Скопје–Загреб секој ден“, додава ТАВ.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Македонија

Променливо време со температури до 26°C

Read more

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Read more

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Read more

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Read more
 

Вести

Португалија произведе дури 95% од струјата од обновливи извори на енергија

Читај повеќе

Како Бил Гејтс го троши богатството и што ќе им остави на децата?

Читај повеќе

Каталонија гласа, цела Шпанија се тресе

Читај повеќе

Протести во Израел: Владата нема поим што прави

Читај повеќе

Сопружници нападнати од роднини во Аеродром поради имотно прашање

Читај повеќе

Скопјанка во Гази Баба ја нападнала својата потстанарка

Читај повеќе

Маж од Чаир физички ја нападнал вонбрачната партнерка

Читај повеќе

Променливо време со температури до 26°C

Читај повеќе

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Читај повеќе