Од утре олабавување на мерките – се отвораат моловите, центрите за едукација, автошколите, обложувалниците

Владата го донесе планот за попуштање на рестриктивните мерки како процес кој ќе се одвива во три фази согласно развојот на епидемиолошката состојба. Првата фаза е тековно функционирање на стопанските дејности во време на прогласена вонредна состојба и ограничено движење на населението на целата територија на државата со постепено намалување на времето за забрана на движење. Втората фаза, како транзициона фаза, е иницијално воспоставување на работните активности со почитување на препорачани мерки и стриктни протоколи за работа во услови на превенција и спречување на појава и ширење на COVID-19. Третата фаза предвидува потполно враќање на редовниот работен процес со почитување на основните мерки за одржување лична хигиена и физичко дистанцирање.

Ова го соопшти премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција во Владата, кој информира дека низ повеќе фази ќе се спроведува намалувањето на рестрикциите во новото секојдневие, а меѓу секоја фаза ќе следи преглед и проценка на актуелната ситуација и одново одлука дали се исполнети условите да се продолжи олабавувањето на мерките во секоја следна фаза.

– Сите следни чекори кон новата нормалност ќе зависат од три критериуми. Прво дали пандемијата е ставена под контрола, второ дали здравствениот систем е во состојба да се справи со појавување повторно на случаи и трето дали системот за надзор на јавното здравство може да ги открие и да управува со случаите и контактите и да идентификува повторување на случаи, рече Спасовски.

Од утре, појасни Спасовски, ќе почнат да се применуваат мерки со нови протоколи за работа за дејности со помал ризик и тоа Завод за рехабилитација на слух, говор и глас Скопје, Центри за едукација, обука и семинари за возрасни, организација на седници на органи на управување и конференции, автошколи, автоиспитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови и тенис, спортски и други обложувалници преку шалтер, затворени трговски центри без угостителски објекти.

– Согласно епидемиолошката состојба и одлуката од Комисијата за заразни болести се дозволува отворање на затворените трговски центри со почитување строги правила и протколи. Во моловите сѐ уште нема да биде дозволено примање гости во рестораните и кафулињата освен преку систем за нарачка и достава. Ограничено скратено работно време од 10 до 18 часот со исклучок во недела кога ќе бидат затворени, нагласи Спасовски.

Владата, додаде премиерот, заклучи да се дозволи службено патување надвор од земјата на избрани и именувани лица со почитување на протоколите на Комисијата за одржување потребно растојание, заради координација и други итни причини кои не трпат одлагање.

Дејностите со одржување состаноци, седници, конференции ќе можат да се спроведуваат во ограничено времетраење од најмногу 6 часа, со пауза на секои два часа, со ограничен број учесници и задолжително носење заштитна опрема.

Прашан кога може да се очекува отворање на угостителските објекти тој рече дека Владата следната недела ќе го донесе планот за нивно отворање,  но сѐ ќе зависи од епидемиолошката состојбата и почитувањето на мерките.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе