Од утре за 2 денара поевтинува бензинот 95, цените на другите горива остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек 0,49% во однос на одлуката од 3 јуни.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 3,892%, кај дизелот 3,251%, кај екстра-лесното масло 3,433% и кај мазутот намалувањето е 1,756%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,081%.

Од 7 јуни од 0:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • моторен бензин Еуросупер БС-95 – 80,00 (ден/л)
  • моторен бензин Еуросупер БС-98 – 84,00 (ден/л)
  • дизел-гориво Евродизел (Д-Е V) – 73,00 (ден/л)
  • масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 72,00 (ден/л)
  • мазут М-1 НС – 43,209 (ден/кг)

Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува 2,00 ден/л.

Малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, како и на Евродизел (Д-Е V), екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на мазутот М-1 НС не се менуваат.

„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 07.06.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Едно овошје во комбинација со лекови може да предизвика труење и смрт

Read more

Храна што треба да ја јадете по 40-тата година за подобро здравје на мозокот

Read more

Македонија

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Read more

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Read more

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Read more

Филипче: Моја главна грижа ќе биде грешките од минатото никогаш да не се повторат

Read more
 

Вести

Мицкоски: Надвор од законот е да има прв вицепремиер, но имаме џентлменски договор тоа да биде Изет Меџити

Читај повеќе

Николоски: Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај

Читај повеќе

Тројца македонски поети на фестивал во Загреб

Читај повеќе

Извлечена e екипата на Брзата помош која беше заглавена во лифт, имаат повреди

Читај повеќе

Левица: Пензискиот фонд е доведен пред колапс

Читај повеќе

Пациент и екипа на Брза помош заглавени во лифт во скопска Кисела Вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Асанж конечно е слободен – колку го чинеше разоткривањето на вистината?

Читај повеќе

Кои се резултатите од експериментот „четиридневна работна недела“ во Германија?

Читај повеќе

Кривична за Самка Ибраимовски за наводни закани кон уставен судија

Читај повеќе