ЛИЧНИ ИСКУСТВА ОД ЧИТАТЕЛКИ

Од женски агол: Зошто мастурбацијата треба да ви стане слатка, мала навика?

Продолжуваме со колумните на нашата омилена читателка.

Буквално секое списание или блог ориентиран кон жените, имал барем еден напис за како да си посветиме време себеси (како жени) и како да си ја подигнеме самогрижата на повисоко ниво (како жени, нели). И буквално во секој таков (македонски) напис, варијацијата на тема е: наполнете си топла када, ставете си чаша вино, пуштете си ја омилената музика. Океј, Славице, не сите имаме када, некои од нас не пијат (скраја да е) и нечија омилена музика е брутал дет метал (или турбо фолк), и сите овие работи ни доаѓаат и до некаде природно да ги направиме - бидејќи овие се работите што се прават за да се опуштиш со генерации наназад. Но, има една работа која исто така помага за опуштање, и помагала со генерации, а не сум видела ниту еден напис за жени да го напише јасно и гласно кај нас - мастурбација.

Ако се употребува со генерации како лек за опуштање, зошто тогаш мора да се каже јасно и гласно? Па нели сите го правиме...? Не. Ако може уште еднаш да пишеме за тоа како топла бања опушта крвни садови, мислам дека е редно време да го тргнеме табуто околу фактот дека оргазам испушта ендорфини во телото.

Самозадоволството е тема која неретко жените ја чуваат исклучиво за себе, и тоа е во ред, сѐ додека тоа криење не е поврзано со чувство на срам. Не велам дека секое женско излегување треба да си ги мериме (вибраторите), но верувам дека нема ништо срамно ако една има прашaње околу темата и побара помош кај другарките. На тој начин, во мал и дискретен круг, можеби ќе разбереме дека всушност сите го прават тоа на еден или друг начин, и дека нема ништо страшно во тоа. Кога бев на факултет имав една колешка (која потоа ми стана и другарка) која отворено си кажуваше дека маструбира неколку пати на ден. Дали требаше да го каже пред цел амфитеатар? Зависи од тоа што сакала да постигне со тоа. Но, знам дека сигурно беше добредојден муабет кога бевме седнати со уште неколку други колешки на кафе. Ако таа немаше срам (а не ни требаше да има), зошто би имала јас?

Она што многу често се занемарува, особено кај балканската жена, е дека и сексуалното здравје е дел од здравјето. Под сексуално здравје не подразбирам само редовно одење на гинеколог (треба редовно да одите на гинеколог, драги дами), туку оној дел од сексуалното здравје кое можеме сами да си го направиме за себе. Доброто сексуално здравје е витално за секој човек и важно е секој од нас да се чувствува во допир со него. Исто како што е крајно време да го дестигматизираме разговорот околу истото.  

Ако сакаме да се опуштиме од секојдневниот стрес, многу лесно може да го направиме тоа сами со себе. Океј е и да ја наполните кадата, па и чашата, и да ја „рокнеме“ Цеца, но додека ги правиме тие работи, потсетете се дека има уште еден, прилично брз и ефективен начин да си го смирите и умот и телото. И што е најважно во ситуацијата – нема апсолутно ништо срамно во тоа. Самозадоволството е буквално тоа - задоволство сами за и со себе.

А ако сам(а) не си подадеш рака, кој?!

Како жени, многу често сме биле учени (дали од дома или од општеството) дека треба да си ја потиснуваме секусалноста и сексуалните желби. А можеби и карактерот ни е таков, што некои работи нкогаш нема да ги (по)кажеме во јавност (никогаш нема да имам храброст да застанам пред цел амфитеатар и да кажам колку пати дневно маструбирам), дури ниту пред партнер, но мора да можеме да си ги кажеме и покажеме пред себе. Самозадоволството е многу повеќе од само чинот, тоа е и дел од нашата поврзаност со нашето тело и деловите кои не се достапни за сите, а секогаш ни се достапни нам.

Па затоа, еве ви го написот кој никогаш не го прочитав во наше списание: Девојки и жени, ако сакате да се опуштите после стресен ден, потсетете се дека можете и да си доживеете оргазам сами со себе, брзо, ефективно и без трошка грижа на совест!

Продолжете да читате>>> Да се биде жена во Скопје: Поход во секс шоп во време на пандемија

*Името на авторката на текстот ѝ е познато на Редакцијата на Kajgana.com

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе