Одбележани 101 година од раѓањето на Блаже Конески во Небрегово

По повод 101 година од раѓањето на кодификаторот на македонскиот литературен јазик Блаже Конески, делегација од Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Борче Јовчески, претставници од прилепскиот „Завод и Музеј и ученици од основните училишта од градот, ја посетија родната куќа на Конески во селото Небрегово.

Аманетот на Блаже Конески не задолжува да го чуваме и да го негуваме  македонскиот јазик, зашто тој е, како што рекол Конески „нашата татковина“, порача прилепскиот  градиначалник Јовчески при обраќањето во родната куќа на великанот Конески во Небрегово.

-Со посетата на спомен-домот на Блаже Конески во Небрегово се вклучуваме во одбележувањето и чествувањето на 101 година од раѓањето на великанот на македонската култура, јазик и книжевност. Нашиот Блаже Конески бил првиот претседател на МАНУ, член на академиите на науките и уметностите  во Загреб, Белград, Сараево, Чикаго, Лоѓ и добитник на многубројни награди низ светот. Поетската мисла на Конески е преведена на многу светски јазици и е најголем амбасадор на македонската книжевност ширум светот. Затоа изразувајќи ја мојата длабока почит како градоначалник на Прилеп од каде што се корените на Блаже Конески, испраќам порака дека неговиот аманет не задолжува да го чуваме и негуваме македонскиот јазик затоа што како што кажал Конески, тој е нашата единствена татковина, истакна Јовчески.

Родната куќа на Конески претставува значаен споменик на македонската културата и ѝ припаѓа на руралната архитектура, посочија претставниците од прилепскиот „Завод и Музеј“.

Учениците одржаа пригодна програма, посветена на великанот Конески. Блаже Конески е роден на 19 декември 1921 година во с. Небрегово. 

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Култура

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе