Бритни беше причина да се одложат парламентарните избори во Израел бидејќи нејзиниот концерт во Тел Авив беше закажан на ист датум.
На 3 јули Брити Спирс има закажано концерт во Hayarkon Park во Тел Авив како дел од нејзината прва светска турнеја по 2011 година. Поради предвидениот метеж во сообраќајот и недостиг на обезбедување, изборите што беа закажани на истиот датум беа одложени за 24 часа.
Промената беше недодложна бидејќи властите сметаат дека гласачите ќе имаат потешкотии да стигнат до гласачките места поради метежот што ќе го направат фановите на Бритни низ градот.
„Не можевме да ангажираме доволно обезбедување за изборите поради концертот“, рече портпаролот на Работничката партија Лирон Зах.
Тој додаде дека промената во распоредот не се должи на загриженост дека на гласачите ќе им биде приоритет да отидат на концертот на Бритни отколку да излезат на гласање.