Одмаздата на велосипедистот: Досега имам пријавено 300 идиоти

Многупати сме биле сведоци на грубо однесување на возачите кои не ги почитуваат другите учесници во сообраќајот.

Велосипедите не се омилени во сообраќајот, често поради работите кои самите ги прават, но често се и жртви на арогантни возачи.

За тоа сведочи приказната за 49-годишниот Џејмс Тејлор од Бристол, Англија, кој веќе 17 години оди на работа со велосипед.

Во тој период имал многу блиски средби со некултурни возачи, а откако во 2018 година бил удрен од возач на автомобил, се впуштил во одмазднички поход.

На велосипедот поставил камера и почнал да ги снима сите незаконски дејствија на другите возачи.

„Досега имам пријавено 300 идиоти! Ова не е приказна ‘ние или тие’, тоа се несовесни возачи кои нѐ тероризираат нас нормалните луѓе. Веќе пет пати сум бил сведок на суд и тоа не ми е проблем, напротив“, вели Џејмс.

Тој за британските медиуми откри што најмногу му пречи во сообраќајот:

„Најлошиот инцидент го имав со агресивен возач кој како лудак ме следеше на главната улица и на крајот ме турна од велосипедот. Возев според прописите, но тој човек беше чуден и на крајот беше осуден. Најчеста грешка е тоа што возачите не оставаат доволно простор за велосипедистите. Кога поминуваат мора да бидат оддалечени најмалку 1,5 метри“, заклучи Тејлор.

Иако многу возачи, особено велосипедисти, го слават на социјалните мрежи како херој, други се згрозени од неговото хоби и мислат дека тој е личност која само сака внимание.

реклама

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Read more

Едно растение ги брка досадните муви пред да влезат во вашиот дом

Read more

Учесниците на Евровизија не смеат да веат ЛГБТ знамиња

Read more

Македонка во Шпанија: Струја уште нема, но нема ни паника, се почитуваат препораките од властите

Read more

Чек дис аут

39 години по хаваријата: Колку вистина има во митовите за Чернобил?

Read more

Приказна од Венеција: Како настанал зборот банкрот?

Read more

Топ 15 најгусто населени градови во светот

Read more

Тиктокер не ја препозна Џенифер Лопес на улица, па ја праша што работи

Read more
 

Магазин

Дали сте подготвени да влезете во нова врска?

Читај повеќе

5 симптоми на мозочен удар кај жените кои лесно се занемаруваат

Читај повеќе
  • filter

Свадби, матурски, апсолвентски: Како да бидете маж со стил оваа пролет?

Читај повеќе

Кинески хороскоп за мај: Детална астро анализа за сите знаци

Читај повеќе

4 цитати од Виктор Франкл ќе ви помогнат да пронајдете смисла

Читај повеќе

9 совети за намалување на холестеролот преку исхрана

Читај повеќе

Следува 13-тото издание на „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Читај повеќе
  • play_arrow

Гурмански рецепт: Говедско филе со бибер сос и компири

Читај повеќе

Светската винска мапа се менува: Нови сорти ќе доаѓаат од неочекувани региони

Читај повеќе