Официјални фотографии од првиот SUV модел на Seat

Шпанската компанија објави официјални фотографии од првиот свој SUV модел кој ќе се продава под името Ateca. По една година од концептот, компанијата го објави својот претставник кој ќе треба да се бори со  Nissan Qashqai, Renault Kadjar, Mazda CX-5, Hyundai Tucson, Ford Kuga и сличните популарни SUV возила.

Seat малку го „омекна“ дизајнот на концептот и го прилагоди за сериско производство, па сега тркалата се намалени, надворешните ретровизори се зголемени, а спортскиот изглед му отстапи место на поконвенционалниот дизајн, карактеристичен за фамилијарните возила.

Моделот е поставен на модуларната MQB платформа на Volkswagen, а има должина од 4,36 метри, ширина од 1,84 метри и висина од 1,6 метри. Багажникот има капацитет од 510 литри кај верзијата со преден погон, или 485 литри кај 4х4 моделот.

Продажбата треба да стартува со септември низ Европа, а ќе биде достапен со неколку турбо мотори. Основниот бензинец ќе има 1,0 литарски мотор со три цилиндри и 115 коњски сили. Следен во понудата ќе биде 1,4 литарскиот мотор со 150 коњски сили, а понудата ќе ја комплетираат и трите дизел мотори, 1,6 со 115 коњски сили, како и 2.0 верзијата со 150 и со 190 коњски сили.

Сите верзии го имаат 6-брзинскиот мануелен менувач, додека посилните верзии се достапни и со автоматски 7-степен менувач со двојна спојка. Овој модел на Seat ќе биде опремен со разни современи технологии, меѓу кои е и онаа за автоматско сопирање при мали брзини, за да се избегне судар во градските услови на возење.

Меѓу другото Seat Ateca ќе има систем кој го одржува возилото во лентата во која вози, технологија за читање на знаците, сензори за возило во мртвиот агол, како и сензори кои ќе го предупредуваат возачот дека доаѓа возило кога тој излетува од паркинг во рикверц.

Светската премиера на овој модел ќе биде на автомобилскиот саем во Женева кој ќе се одржи во Женева.

 

 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе