Официјално: Конте по освоената титула повеќе не е тренер на Интер

Италијанскиот тренер Антонио Конте го напушти Интер со кој оваа сезона стана шампион на Италија, потврди миланскиот клуб.

Добро упатениот италијански новинар Фабрицио Романо тврди дека челниците на клубот не можеле да му обезбедат пари за засилување за Лигата на шампиони и дека тоа било главната причина за несогласувањето.

Италијанските медиуми пренесуваат дека причина за прекинот на соработката е несогласувањето меѓу Конте и клупското раководство околу следните чекори по освојувањето на титулата во Серија А и настапот во Лигата на шампиони следната сезона.

Соочени со финансиска криза, раководните структури на Интер побарале од Конте согласност за продажба на клучните фудбалери, меѓу кои Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез во претстојниот преоден рок, како и да продолжи да работи во клубот за пониска плата.

Медиумите објавија дека 51-годишниот Конте ги отфрлил ваквите барања и двете страни, на крајот, постигнале заемен договор за прекин на соработката.

Конте имаше договор со Интер до лето 2022 година, а за предвремениот прекин на соработката ќе добие отштета од седум милиони евра. 

Клубот брзо ќе почне потрага по негов наследник, а на врвот на листата е Масимилијано Алегри.

URL
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе