Оган на небото: Што експлодира над Флорида?

Жителите на Флорида ги вознемири појавата на голема огнена топка на небото која потоа и експлодира.

Американското метеорско друштво (АМС) потврди дека огнената топка била забележана над сојузната држава Флорида и дека се гледала и од соседната Џорџија. Тоа се случило синоќа околу 2 часот по полноќ, а 259 очевидци настанот го пријавиле во АМС.

URL

Повеќето видеа прикажуваат огнена топка која се спушта под стрмен агол пред да експлодира во портокалов блесок и да исчезне во ноќното небо.

URL

Точното потекло на објектот е засега непознато. Некои претпоставуваат дека би можело да се работи за 2021 GW4, вселенска карпа голема колку автомобил која требаше да мине измеѓу Земјата и Месечината - или можеби парче од неа кое се откинало.

Remote video URL

Сепак, од Virtual Telescope Project во Европа тврдат дека GW4 минал покрај Земјата понеделникот утрината на навистина голема близина од околу 20.000 километри.

Remote video URL

Астрономот Џонатан МекДауел од Харвард-Смитсонијан центарот за астрофизика вели дека огнената топка над Флорида „нема никаква врска со GW4“.

Remote video URL

АМС ја следеше треакторијата на ова вселенско парче и соопшти дека експлозијата се случила над источниот брег на Флорида, така да остатоците најверојатно се некаде на дното на океанот.

Remote video URL
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Чек дис аут

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе