ОЈО Кочани го гони за убиство лицето кое вчера пукаше во угостителски објект

Скопје, 19 јануари 2019 (МИА) –  Основното јавно обвинителство Кочани го гони за убиство лицето кое вчера пукаше во угостителски објект, а во моментов е недостапен на органите на прогонот.

„Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи синоќа го заврши увидот на лице место во угостителски објект во Кочани, каде вчера околу 17:00 часот едно лице беше рането со огнено оружје. Прибрани се траги од местото на настанот кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадени се наредби за прибирање податоци и земање исказ од очевидци, како и претрес на лица и објекти со цел утврдување на фактите во предметот“, соопшти денеска Јавното обвинителство.

Поради постоење на основано сомнение, надлежен јавен обвинител донел наредба за спроведување на истрага против едно лице за сторен квалификуван (потежок) облик на кривичното дело убиство.

Настанот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, се случил откако меѓу повеќе лица кои претходно заедно седеле на маса, започнала вербална расправија. Потоа осомничениот извадил пиштол и испукал проектил во едно лице при што му нанел прострелна рана на сега оштетениот. Во моментот на пукањето, во угостителскиот објект имало присутни и други лица, кои осомничениот ги довел во опасност што дава посебна тежина на кривичното дело кое го сторил. По пукањето, а поради сериозноста на повредата, оштетениот придружуван од едно лице – сведок на настанот, бил упатен во Скопје каде му е укажана медицинска помош. Сведокот потоа е вратен во Кочани, каде по барање на јавниот обвинител, а пред судија на претходна постапка дал исказ за настанот.

„По претходно преземена координирана акција, утринава уште три лица кои присуствувале на кривично правниот настан се лишени од слобода и со нив се превземаат дејствија во насока на расчистување на настанот.  Во моментов сторителот е недостапен на органите на прогонот“, се наведува во соопштението.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе