Околу 2.000 нови барања за социјална помош изминатиот месец

Скопје, 6 мај 2020 (МИА) – Околу 2.000 нови барања за гарантиран минимален доход или социјална помош биле доставени до центрите за социјална работа од усвојувањето на измените за олеснување на пристапот на граѓаните до ова право во услови на кризата предизвикана од коронавирусот. Олеснувањата, како што посочуваат од Министерството за труд и социјална политика, имаат за цел да овозможат системот да реагира брзо кога некој од граѓаните ќе се најде во ризик.

-Во центрите за социјална работа од моментот на носење на уредбата за брз влез во систем на социјална заштита од 3 април, пристигнати се околу две илјади нови барања за гарантирана минимална помош. Од нив 200 се решени, а останатите се решаваат тековно како се добиваат податоци од УЈП и МВР, рече на денешната прес-конференција заменик-министерот за труд и социјална политика Ѓонул Бајрактар.

Мерките со кои им се помага на ранливите граѓани и домаќинства се клучни, зашто од една страна ги ублажуваат последиците врз граѓаните кои останале без приход, но од друга страна овозможуваат државата полесно да го мине процесот на еконосмко заздравување.

-Оваа криза покажа дека реформите што беа направени во системот за социјална заштита се добро осмислени и сега помогнаа државата да може добро да се справи со последиците, рече Бајрактар.

Дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ истакна дека државата преку надлежните институции ќе се погрижи за секој граѓанин кој се соочи со потешкотија и оти никој нема да биде изоставен.

-Владата и МТСП донесоа сет мерки за реалаксирање на критериумите врз основа на кои може да се користи гарантирана минимална помош и со тоа го олеснува пристапот во системот на социјална заштита. Со новите мерки се утврдува материјалната необезбеденост да се утврдува врз основа на приходи на сите членови на домаќинство во последниот наместо како досега во последните три месеци. Ваквиот начин на утврдување ќе важи од април до декември годинава и со неа се овозможува брза реакција на системот за социјална заштита со цел барање финансискиа поддршка на сите граѓани и семејства кои немаат приходи од разни причини, дали престанок на работен однос, губење други видови приходи, учество во неформалната економија, рече дополнителната заменик-министерка.

Таа додаде дека право на помош ќе имаат и оние кои се избришани од евиденцијата на невработено лице заради нередовно пријавување или оние на кои работниот однос им престанал спогодбено, по барање или со отказ. Шкријељ потсети дека се направени и други ослеснувања на критериуми за кои по направена анализа утврдено е дека се најчести пречки за утврдување на правата.

реклама

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Масовни апсења на млади луѓе низ Европа, некои имаат само 14 години

Read more

Која е најдобрата заштита за автомобил од град?

Read more

Крај на измамите со вратена километража на возила

Read more

Македонија

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Read more

Од полноќ нови цени на горивата

Read more

Независниот синдикат на полицијата денеска на протест

Read more

Променливо време, попладне нестабилно со пороен дожд

Read more
 

Вести

Зеленски: Ќе бидам во Турција, се надевам дека ќе дојдат и Путин и Трамп

Читај повеќе

Орбан: Никој не се осмелува да признае, но ја загубивме војната во Украина

Читај повеќе

Трамп: Добри работи можат да произлезат од средбата меѓу Русија и Украина

Читај повеќе

Прв коментар на Кремљ откако Зеленски се согласи на преговори со Путин

Читај повеќе

Косовец добил македонски пасош со лажен идентитет – се гонат две вработени во МВР

Читај повеќе

Трамп ветува: Лековите ќе поевтинат за 59%

Читај повеќе

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст

Читај повеќе

На велопатека во Скопје се судрија велосипед и електричен мотор, едниот од возачите побегна

Читај повеќе

Левица предлага инспекторат кој ќе казнува за непочитување на грбот, знамето и химната

Читај повеќе