Омикрон подолго живее на пластични површини и човечка кожа отколку претходните соеви

Видот на коронавирус омикрон може да преживее подолго од претходните соеви на вирусот на пластични површини и на човечка кожа, покажа новото истражување на јапонските научници.

Студијата направена од тим од Медицинскиот универзитет во Кјото, која сè уште не е рецензирана, по серија лабораториски тестови покажа дека новите варијанти преживеале многу подолго од оригиналниот вид.

Тие заклучија дека високата „еколошка стабилност“ на омикрон - неговата способност да остане заразен - особено можела да помогне да се замени делтата како доминантна варијанта и да се шири побрзо.

„Нашето истражување покажа дека алфа, бета, делта и омикрон варијантите на пластичните површини и кожата покажаа повеќе од двојно повеќе време на преживување од сојот од Вухан и одржуваа инфективност повеќе од 16 часа на површината на кожата“, напишаа авторите на студијата.

На пластичните површини просечното време на преживување на оригиналниот сој и варијантите алфа, бета, гама и делта изнесува 56 часа, 191,3 часа, 156,6 часа, 59,3 часа и 114 часа.

Омикрон останува на кожата повеќе од 21 час

На примероците на кожа на починати просечното време на преживување на вирусот беше 8,6 часа за оригиналната верзија, 19,6 часа за алфа, 19,1 часа за бета, 11 часа за гама, 16,8 часа за делта и 21,1 часа за варијантата омикрон.

„Оваа студија покажа дека варијантата омикрон, исто така, има најголема стабилност, што сугерира дека тоа би можело да биде еден од факторите што ѝ овозможиле на варијантата да ја замени делтата и брзо да се прошири“, напишаа авторите.

Омикрон останува главна грижа ширум светот и сега е присутен во сите земји на ЕУ и стана доминантна варијанта во повеќето земји-членки, според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).

Земјите во кои најголем процент на нови случаи е припишан на омикрон преку секвенционирање се Финска (99,9%), Белгија (99,7%), Малта (99,3%) и Данска (98,8%).

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе