Општина Аеродром санкционираше приватна компанија за неправилно одложување отпад

Општина Аеродром изрече санкција за приватна компанија која одложувала отпад на локација која не е определена за таа намена.

Утрово, комуналните инспектори на Општина Аеродром изрекоа прекршочна казна за правно лице, приватна компанија која спротивно на законите и без дозвола од општина, одложувала отпад на локација која не е определена за таа намена.  Санкцијата е изречена согласно член 14 од Законот за јавна чистота.

Општинскиот инспекторат ја изрече казната откако инспекторите утврдиле прекршување на законот, по претходна дојава од граѓани. Станува збор за локација која се наоѓа во населбата Ново Лисиче и на која претходно, комуналните служби на Општина Аеродром во неколку наврати, користејќи ги сопствените капацитети спроведоа акција за чистење на истата локација.

Апелираме до граѓаните и правните лица да ги почитуваат законските прописи кога станува збор за соодветно депонирање и одложување на отпадот. Во таа насока ја информираме јавноста дека во следниот период, општинските инспектори, преку засилени контроли на терен ќе изрекуваат санкции за сите оние кои ја загадуваат животната средина и постапуваат спротивно на законот. Здравјето на граѓаните и чистата животна средина се единствениот приоритет на  Општина Аеродром.

реклама

Џереми Кларксон за Илон Маск и Tesla: Ве предупредив пред 17 години, не ме послушавте

Read more

Уште една земја го призна Косово

Read more

Полска се подготвува за војна, но кој е подготвен да умре за државата?

Read more

Скокнаа цените на нафтата

Read more

Македонија

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Read more

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Read more

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Read more

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Read more
 

Вести

Три земјотреси ја погодија Грција во еден час

Читај повеќе

Повредените со изгореници да не веруваат на мевлеми на социјалните мрежи, преврските се прават во болница

Читај повеќе

Зеленски: Русија сега купува време, подготвува две големи офанзиви напролет

Читај повеќе

Групата „Кочани“: Дојде време да избираме - децата или партиите

Читај повеќе

Пет години од членството на Северна Македонија во НАТО

Читај повеќе

Девет пациенти денес излегуваат од нашите болници, а осум се враќаат од странство

Читај повеќе

Девојка допирана по телото на автобуска постојка во Центар

Читај повеќе

Додик се огласи за потерницата: БиХ е промашена и пропадната земја

Читај повеќе

Сопругата на насилникот од Радовиш не сака да го гони, видеото било старо, МВР поднесе кривична

Читај повеќе