Општина Аеродром стана членка на „Мрежата на силни градови“ – ќе соработува со 185 светски градови

Општина Аеродром и официјално стана дел од „Мрежата на силни градови“ во која членуваат повеќе од 185 општини и градови, ширум светот.

„Восхитени сме од можност да и посакаме добредојде на Општина Аеродром во „Мрежата на силни градови“, стои во објавата на фејсбук страната на мрежата притоа додавајќи дека со нетрпение очекуваат да соработуваат со градоначалникот Тимчо Муцунски и Општина Аеродром, кои се дел од мрежа која брои повеќе од 185 општини, посветени на решавање на проблемот со омразата, екстремизмот и поларизацијата.

Градоначалникот Муцунски споделувајќи ја веста на својот Facebook и Instagram профил потенцираше дека членството на Општина Аеродром во меѓународните мрежи и организации е потврда за посветеност во решавањето на клучните предизвици со кои се соочуваат граѓаните и општеството, но и доказ за меѓународната поддршка и соработка која општината и градоначалникот ја имаат со своите пријатели и партнери, од ЕУ и светот.

Општина Аеродром официјално стана дел од Strong Cities Network во која членуваат повеќе од 185 општини и градови ширум...

Posted by Timco Mucunski on Saturday, July 15, 2023

„Горд сум што како градоначалник на Аеродром, низ оваа и слични иницијативи, успеваме да ја доближиме општината до сите регионални, европски и светски иницијативи, каде преку меѓусебна поддршка ќе создадеме средина која е развиена, инклузивна и креира можности за граѓаните“, истакна Муцунски во својата објава.

„Strong Cities“ е мрежа која обединува општини и градови од целиот свет и служи како платформа преку која се развиваат иницијативи за меѓусебна соработка, програми за размена на млади, како и размена на искуства и заедничко дејствување за справување со прашањата поврзани со булингот, говорот на омраза, екстремизмот и слични проблеми.

We are delighted to welcome the Municipality of Aerodrom 🇲🇰, to the Strong Cities Network! Општина Аеродром joins a...

Posted by Strong Cities Network on Wednesday, July 12, 2023
реклама

Германец го проба возот до Драчево: Никогаш повеќе

Read more

Не фрлајте ги старите фармерки: Со едноставен трик повторно ќе изгледаат како нови

Read more

6 совети за подобар вкус на домашните ќебапи

Read more

Млада Месечина во Овен на 17 април: Нов почеток за три хороскопски знаци

Read more

Македонија

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Read more

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Read more

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Read more

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Read more
 

Вести

САД со 5 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Македонија

Читај повеќе

ТИТАН Усје: Емисиите се под дозволените граници, без филтри нема производство

Читај повеќе

Трoјца тешко повредени пешаци во еден ден во Скопје, Штип и Битола

Читај повеќе

Во дом во Прилеп пронајдени 74 стари монети: Кривична пријава за недозволена трговија со културно наследство

Читај повеќе

Мицкоски: Оние што се против законот за високо образование сакаат плата од 150.000 денари, а не сакаат да напишат труд

Читај повеќе

Кривична пријава против ексградоначалникот на Сарај, дозволил фирма да се стекне со над 700.000 евра

Читај повеќе

Украинското разузнавање предупредува: Русија подготвува голема офанзива, цел е Донбас до септември

Читај повеќе

Левица прашува: Реставрација или редизајн на Старата скопска чаршија по мерка на Љутков и Меџити?

Читај повеќе

Мицкоски: Прво процедура да му се тргне азилот па потоа барање за екстрадиција на Груевски

Читај повеќе