Општините потрошиле 40% помалку пари за новогодишно украсување во споредба со лани

Скопје, 28 јануари 2021 (МИА) – За украсување на град Скопје и уште 15 други општини во земјава за Новата 2021 година се потрошени вкупно 405.000 евра, што е за 40 проценти помалку од лани, се вели во соопштението на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), кој денеска ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

Како што стои во соопштението, од украсување за новата 2021 година се откажале девет општини кои имале тендери за претходната година. Вкупно 14 општини имале тендери за украсување и лани и годинава, а три општини и едно државно претпријатие немале лани, но имале тендери за новата 2021 година.

Според истражувањето на ЦГК, за разлика од дочекот на изминатата 2020 година, кога тендери за украсување имале град Скопје и седум скопски општини, за дочекот на 2021 година тендери имале градот Скопје и уште три други скопски општини: Карпош, Гази Баба, Аеродром, но и Градскиот трговски центар. Украсувањето на Скопје и скопските општини вкупно чинело 298 илјади евра, што е три четвртини од сите пари потрошени за новогодишно украсување во земјава.

Од ЦГК соопштуваат дека и годинава, најголем дел од вредноста на договорите за украсување добиле две скопски фирми – Линк Медиа Плус и Метал-Вет-Ел, а на половина од тендерите имало само по една понуда.

Новогодишни пакетчиња за 2021 година, според ЦГК, купиле 56 институции. Вкупно 14 од нив спровеле тендер, а другите 42 купиле пакетчиња во вредност под илјада евра за што не се спроведува тендер. Цените на едно новогодишно пакетче се движат од 150 до 1.249 денари.

Повеќе информации има во анализата од истражувањето дадена во ОВОЈ ЛИНК.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе