Орбан е решен да го блокира патот на Киев: Украина е светлосни години далеку од ЕУ

Макфакс
/ 19.11.2023 / 10:55

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека Украина е „светлосни години“ оддалечена од пристапување во Европската Унија.

Говорејќи на конгресот на партијата Фидес, Орбан рече дека тој и неговата влада ќе се спротивстават на разговорите во ЕУ во средината на декември за тоа дали Киев треба официјално да ги започне преговорите за пристапување во европскиот блок.

За прием на нова земја во ЕУ потребна е согласност од сите членки на Унијата, а Орбан може да стави вето, пренесе AP. На партискиот конгрес во Будимпешта во саботата, Орбан беше реизбран за претседател на Фидес по 11-ти пат од 2003 година.

Тој рече дека еден од приоритетите на неговата нова влада ќе биде да го запре патот на Украина кон ЕУ.

„Нашата задача е да го исправиме погрешното ветување, дека преговорите со Украина ќе започнат, бидејќи Киев сега е светлосни години оддалечен од ЕУ“, рече Орбан.

На почетокот на овој месец Европската комисија предложи почеток на пристапните преговори со Украина, велејќи дека владата во Киев „покажа исклучително ниво на институционална сила, решителност и способност да функционира“.

Орбан посочува дека преговорите не можат да започнат со земја која е во војна и дека членството на Украина ќе го промени системот на распределба на средствата за земјите-членки на ЕУ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе