Орбан: Нема источни и западни вакцини, има само добри и лоши

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа изјави дека државите мора да набават вакцини што е можно побрзо и во што поголеми количества, без разлика дали тие доаѓаат од истокот или од западот.

Во онлајн интервјуто за германскиот портал Fokus, а по повод одлуката на Унгарија да ја купи руската вакцина Спутник V, Орбан кажа дека задача на политичарите во пандемијата е да преземат одговорност и да го заштитат здравјето и животот на граѓаните.

– Затоа што оние кои ќе купат време можат да спасат животи и да си ја повратат слободата, рече унгарскиот премиер.

Орбан истакна дека нема „источни или западни вакцини, туку само добри или лоши“, пренесе унгарската агенција MTI.

Тој додаде дека набавката на вакцини и затегнатите односи меѓу ЕУ и Русија може да се сметаат за одделни прашања.

– Објективно гледано, јасно е дека Источна Европа развила култура на вакцинација за време на комунизмот, што доведе до искоренување на вирусот во Источна Европа многу порано отколку во Западна Европа, каде руската вакцина не беше прифатена од идеолошки причини, рече Орбан.

Во врска со централизираната програма за набавка на вакцини во ЕУ, унгарскиот лидер кажа дека е јасно оти станува збор за погрешна одлука.

– САД, Обединетото Кралстсво, Израел, па дури и Србија се далеку пред нас земјите-членки на ЕУ, рече Орбан, додавајќи дека сега е предоцна да се смени тој курс.

реклама

Откриен е нов сој: Високозаразен, ја намалува ефикасноста на вакцината

Read more

Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Read more

Пирати, блуд и неморал: Како „Божјата казна го стигна најгрешниот град во светот“?

Read more

Овие се седумте најдобри мобилни телефони во светот

Read more

Свет

Семејствата на починати од COVID-19 го тужат британскиот премиер Борис Џонсон

Read more

Меркел: Жените се несразмерно погодени од пандемијата

Read more

Шестмина загинати во сообраќајна несреќа во Полска со украински автобус

Read more

Рајан: Некои мислат дека најлошото помина, но тоа не е точно

Read more
 

Вести

Семејствата на починати од COVID-19 го тужат британскиот премиер Борис Џонсон

Читај повеќе

Стигнаа руските вакцини Sputnik V

Читај повеќе

ДЗС: Неделава попишани вкупно 32.752 лица од дијаспората

Читај повеќе

Велосипедист загина во сообраќајка кај Охрид

Читај повеќе

Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога во две полициски акции

Читај повеќе

Поранешни војници со наполнети 45 години бараат решавање на нивниот статус во најбрз рок

Читај повеќе
  • play_arrow

Вучиќ прикажа фотографии со оружје и безживотни тела со траги на мачење

Читај повеќе

Корона кризата дополнително ја влоши положбата на самохраните родители во државава

Читај повеќе

Камион со марихуана запленет на ГП „Богородица“

Читај повеќе